Даниел и Ивана побарале грепки место цвеќе на свадба - сега возат нов Пасат!

Даниел и Ивана Сизовски, на својата свадбена покана напишале дека претпочитаат грепки наместо цвеќе. На свадбата, на 26-ти ноември добиле 78 инстант лозови од различни гости.

Три дена по свадбената прослава ги изгребале и од сите добитни имале точно 1.200 денари кои решиле да ги заменат на среќното место на Државна лотарија на Македонија во Капитол мол, за нови 24 инстант лозови од играта Среќни тркала. Даниел и Ивана едновремено гребеле, секој по 12 инстанти и токму еден од 12-те кои ги изгребал Даниел носел четири среќни тркала што им го донеле атрактивниот бел Фолксваген Пасат.

Оваа убава приказна е уште еден доказ дека среќата сама си го наоѓа патот, само треба да и ја отвориме вратата и да и дадеме шанса да не израдува нас, или да израдува некој кого го сакаме.

Во петок на ден пред Нова година, Даниел и Ивана ќе го добијат свадбениот подарок автомобил пред нивното среќно место во трговскиот центар Капитол мол.

Доделувањето е планирано во 12:00 часот, во предновогодишна атмосфера со Марјана и Викса.По доделувањето ќе продолжи промоцијата за празничните кола на играта на среќа НовоЛото 7/34.

По повод Нова Година и Божиќ, Државна лотарија на Македонија подготви празнични кола на 31ви декември 2016та и 7ми јануари 2017та, во кои ќе се реализираат до три извлекувања за 7ка!. Во случај седумката да се постигне во првото коло нема да се извлекува понатаму, но во случај да не се постигне седука во првото се оди на второ извлекување кога се извлекуваат и другите непостигнати категории добивки во првото коло, а доколку не се постигне 7ка и во второто извлекување, се продолжува со трето извлекување во кое се извлекуваат и другите категории добивки кои не биле постигнати во второто извлекување.

„Со надеж дека ќе влеземе во новата година со два нови милионера, Државна лотарија на Македонија приредува две празнични кола со – ДО ТРИ ШАНСИ ЗА 7КА!“, велат од Државната лотарија

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно