Dash Berlin ќе ја отвори манифестацијата „Општина Центар во црвено и бело“

Еден од водечките ди-џеји во светот DJ Dash Berlin вечерва со почеток во 22.30 часот ќе има настап на улица Македонија.

images (10)

Музичкиот настан е во организација на општина Центар од каде препорачуваат црвено бел дрес код. Моментално овој ди-џеј од Холандија, чие вистинско име е Роберт ван де Корп ја има титулата на најдобриот во светот, а листата десетте најдобри е составена од британскиот магазин за овој вид на музика “DJ Mag”. Зад него на листата е Armin van Bjuren, кој од првата позиција беше симнат пред 4 години. Третото место според оваа листа е за Avicii.

Ова се датумите за овогодинешниот ПивоФест

Новото издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули.
 

 

Ова ќе биде јубилејно 15-то издание на Пивофест кој стана заштитен знак на градот и кој секоја година привлекува се поголем и поголем број на посетители од цела Македонија.

Се очекува во наредните денови да бидат објавени пиварниците што ќе учествуваат на фестивалот како и целокупната музичка програма за време на фестивалските денови.

ФОТО: 8 куршуми му го прекинаа патот до дома

Ноќеска околу 2 часот по полноќ во прилепското село Канатларци 24-годишниот Е.И. жител на селото бил застрелан со 8 куршуми, неофицијално дознава Маркукуле.
Според информациите лицето седело пред продавница во селото, при што на враќање кон дома бил зачекан на улица и изрешетен.
Информациите говорат дека лицето им подлегнало на повредите.

Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка

Прв до врв заедно со Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка.

Следниот викенд планирајте го за освојување на Водно, но и продолжена тура до Матка. Турата е рекреативна и е наменета за планинари и велосипедисти.

Патеките за движење на групите планинари и велосипедисти како и останатите детали за турата ќе бидат објавени дополнително.

Турата ја организираат Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar.

За повеќе информации одете на линкот тука.

Популарно