Дедо Мраз со пиштол ограбил продавница во Скопје!

Вчеравечер околу 21.00 часот во ЕИК Скопје, Б.Б. пријавила дека непознат сторител извршил разбојништво во маркет на улица „Будимпештанска“.

Сторителот, кој бил облечен како Дедо Мраз, со закана со пиштол го одзел дневниот промет, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на сторителот.

Запалено удито на Панки!

Фактор.мк пишува дека   дека ноќеска oколу 00,55 часот било опожарено едно возило.

Според неофицијални извори во МВР било опожарено патничко моторно возило Ауди А8 на ул.„Натанаил Кучевишки“ кое е во сопственост на Сашо Каимовски - Панки.

Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ. Најверојатно се работи за подметнат пожар.

Престрелка во Скопје

Во 21 часот синоќа на улицата „Петар Манџуков“ во Скопје, во спортска обложувалница непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработениот. Крадецот, како што информира денеска полицијата, со закана со пиштол од вработениот одзел 46.670 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Нова трагедија на автопатите - Загина тетовчанец

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила околу 8 часот вчера наутро близу патарината Групчин, загина еден тетовец.

Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бмв“ на автопатот Тетово-Скопје излетал од патот, при што од силниот удар, возачот го загубил животот.

Популарно