Денеска е вторник 7 јули, 188-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 177 дена.
Денот трае 15 часа и осум минути.
Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и четири минути, а заоѓа во 20 часот и 12 минути.
Месечината ќе зајде во 11 часот и 11 минути, а повторно ќе изгрее во 23 часот и 38 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со мала облачност и со слаб повремен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во среда и во четврток времето ќе биде потопло и се очекува позначителен пораст на дневните температури. Во четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален повремено пороен дожд и појава на грмежи. Во петок дневната температура ќе се спушти за три до четири степени. Во сабота времето повторно ќе биде стабилно и потопло.