Денеска е четврток, 13 февруари, 44-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 321 ден.
Денот трае 10 часа и 28 минути.
Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 34 минути, а заоѓа во 17 часот и две минути.
Месечината изгрева во 15 часот и 55 минути, а заоѓа во пет часот и 15 минути.
Временска прогноза
Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно. Во источните делови се уште ќе има услови за врнежи од слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали, а ветерот ќе го смени правецот во северозападен.
Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Во петок попладне ќе има локален дожд, а на планините локален снег. Потоа, во деновите од викендот, како и во почетокот на наредната недела времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура.