Директорот на Сеизмолошкиот институт предупредува на нови потреси – земјотресот не е поврзан со поплавите!

По земјотресот што утрово го разбуди Скопје, Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) за порталот Сакам да кажам вели дека се можни уште неколку помали потреси.

garevski_zemjotres

- Афтершокови се сосема очекувана појава по земјотрес со ваква јачина. Земјата е можно да продолжи да се тресе, но тоа се обично мали потреси. Во Италија по земјотресот во Аматриче на 24 август следуваа 2.500 помали афтершокови. Тука нема место за паника. Земјотресот силно се почувствувал и јас им советувам на оние кои се вознемириле да излезат надвор на половина час, да се смират. Нема опасност од паѓање на згради или нешто слично па можат да останат надвор безбедни. Ваков совет не даваме доколку земјотресот бил со разурнивачка моќ – вели Гаревски.

И овој земјотрес Гаревски не го поврзува со поплавите.

- Иако можеби случувањата ме демантираат, во светот не постои ниту еден научен труд кој што ќе ги поврзе поплавите со земјотрес. Земјотресите се случуваат поради придвижување во длабоките слоеви на земјата до кои површинската вода и не допира- вели Гаревски.

(Фото) На големо се слави пред ВМРО-ДПМНЕ

Пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во центарот на Скопје на големо се слави.

Собрани се голем број на поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и ја прославуваат неофицијалната победа на кандитатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова.

Гордана Силјановска Давкова - 39,82%, Стево Пендаровски - 19,42%

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 80 проценти од гласовите, односно 2 806 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска 

Давкова со освоени 282 075 гласови (39,82%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 137 450 гласови (19,42%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 101 160 гласови (14,28 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 71 633 гласови (10,11 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 59 933 гласови (8,46 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 30 802 гласови (4,35 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5 321 гласови (0,75 %).

Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Одѕивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.

Ова се резултатите по обработени 60% од гласовите на денешните избори

Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од првиот круг на претседателските избори кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова има 197.741 гласови (37,80%), што е двојно повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски – 97.592 гласови (18,66%), по преброени 59,59 отсто гласови.

Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 4.997 гласови (0,96%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 81.748 гласови (15,63%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 23.472 гласови (4,49%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 59.591 гласови (11,39%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 42.296 гласови (8,09%). 

Популарно