Денеска е вторник, 24 јануари 2017 година, 24-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 341 ден.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 16 часот и 36 минути.
Денов трае 9 часа и 41 минута.
Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 3 часот и 45 минути, а ќе зајде во 13 часот и 45 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.
Температурата од нула до три степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.Температурата ќе достигне до еден степен.
Во среда утринските темепратури малку ќе се покачат, а потоа од четврток утринските температури повторно ќе опаѓаат, а кон викендот ќе има се повеќе сончеви периоди.