Докторот, по 35 години, реши да проговори: Тито пред својата смрт...

Д-р Предраг Лалевич, хирург и анестезиолог, кој во текот на 16-годишното владеење на Јосип Броз Тито како претседател на СФРЈ со него бил на 106 патувања, ги опиша неговите последни четири месеци од животот во болницата во Љубљана. Д-р Лалевич бил во советодавниот одбор, кој четири месеци се борел за животот на Тито. Тој го направил она што ќе остане запишано во аналите на поранешната држава, ги исклучил апаратите кои го одржувале животот на Тито.

tito-2-11569

Здравјето на Тито, освен труењето со храна во Египет во 1964 година и пневмонијата една година подоцна во Бугарија било добро.

- Најмногу страдаше од болки во нозете, затоа и одеше со стап. На новогодишната ноќ во Караѓорѓевиќ неговото движење стана повеќе од болно, па решивме Тито да го однесенме во клиничкиот центар во Љубљана, вели доктор Лалевич.

Пред својата смрт, како што кажува Лалевич, Тито пеел на руски и сонувал Кинези.

- Точно во 15:05 часот на ЕКГ се покажа права линија, што е знак дека срцето престанало да работи. Во целосна тишина сите доктори и сестри минавме 15 минути околу неговиот кревет. Потоа го погледнав професорот Богдан Брецељ, најстариот во одборот, а тој само кимна со главата. Тоа беше знак да ги исклучам апаратите, го сторив тоа а потоа ја напуштивме собата, вели доктор Лалевич на кој му требале шест месеци целосно да се опорави по смртта на Тито.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно