Денеска е вторник, 3 мај 2016 година, 124-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 242 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 27 минути, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути.
Денов трае 14 часа и 7 минути.
Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 3 часот и 28 минути, а ќе зајде во 15 часот и 34 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен долж Повардарието повремено и засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено и засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу 11, а дневната ќе достигне до 14 степени.
И во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе има и повеќе сончеви периоди, но ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северен правец. Во среда максималната температура ќе се движи од 12 до 19, а во четврток со претежно стабилно време ќе се движи од 14 до 21 степен.