Драма во Сараево: Пукано врз македонската старлета и нејзиното момче!

Во сараевската населба Хасно денеска околу 2 часот попладне било пукано врз македонската старлета која живее во Белград, Анѓела Митковски Вештица.

Порно актеркаа не е повредена, но е повредено нејзиното момче кое итно со возилот на брзата помош е пренесено до најблиската болница.

-Точно е дека е пукано на мене и на моето момче Адмир Арнаутовиќ. Тоа го направи една болна, лабилна личност, неговата поранешна љубоморна жена. Полицијата одлично си ја работи својата работа и таа сега е затворена, а јас за среќа не сум повредена иако врз мене е пукано 9 пати, а врз него 3 куршуми се испукани, изјави Анѓела за белградските медиуми.

Анѓела моментално е покрај момчето и очекува тој брзо да се опорави.

Во Тетово прегазен малолетен пешак

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија, објави СДК.мк.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.

НЕ БЕШЕ ЛЕСНО ДА СЕ ПРЕНЕСАТ МУАБЕТИТЕ НА ЏАРО НА ХАРТИЈА, РЕЧЕ МИЛИЦА ЏАРОВСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА ЗА ТАТКО Ѝ „ЖИВОТ НА КОЦКА“

„Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро знаат само по превари и местење утакмици. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Ги донел најголемите балкански ѕвезди да ја засакаат Македонија толку многу што до ден денес не ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“, рече актерот Игор Џамбазов на ланската промоција на книгата „Џаро – живот на коцка“.

Позната одбојкарка си го одзеде животот на 21 година

Руската репрезентативка во одбојка на плажа, Арина Михаилина (21), си го одзеде животот, јавуваат руските медиуми.

Медиумите јавуваат дека Арина на 21 април паднала од 16-ти кат во студентскиот дом на Московскиот енергетски институт „Синичка“.

Нејзиниот тренер Наталија Урјадова потврди дека Арина се самоубила поради раскинување со нејзиното момче.

„Се испостави дека раскинале истиот ден, на денот на трагедијата. Разговарале, раскинале поради некоја причина и судејќи по она што го прочитал или слушнал на телефон, сметал дека е потребно да повика брза помош. “, рече Урјадова.

За време на нејзината преписка со Арина, на нејзиното момче му се чинеше дека таа се збогува со него. Тој повикал брза помош, а потоа отишол во студентскиот дом. Докторите кои пристигнале на повик ја прегледале Михајлина, но не наоѓајќи причина за загриженост, си заминале. После тоа девојката се качила на 16-ти кат и скокнала.

Таа за чудо го преживеала падот, но починала веднаш откако била примена во болница.

Популарно