ДУНА Компјутери ќе му подари на град Скопје софтвер за планирање на ресурси

СО ERP СИСТЕМОТ ДО ПОДОБРО МЕНАЏИРАЊЕ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

“Воведувањето на ERP и BI софтверот ќе овозможи преку интегрираната апликација, од едно место, мониторинг и упревување на процесите во Јавните претпријатија во Град Скопје”, изјави Александар Пајковски, Генерален менаџер на Дуна Компјутери.

Duna

Дуна Компјутери ја најави својата намера да му подари на Градот Скопје ERP (Enterprise Resource Planning) и BI (Business Inteligence) систем - софтвер за планирање на ресурси, со што на едно место би се интегрирале податоците од сите скопски Јавни претпријатија кои функционираат врз платформата на УЛТИМА софтверот.

“По угледот на европските и на светските метрополи, воведувањето на BI и на ERP софтверот ќе овозможи консолидирање на сите информации на едно место, како и интегриран мониторинг и управување на процесите од едно место во Јавните претпријатија во Град Скопје. Затоа што, последните тенденции во овој дел од ИТ индустријата веќе не се ограничуваат само на автоматизацијата на домовите и компаниите, туку на целосна автоматизација и управување на цели градови, врз интегрирана платформа за планирање и менаџирање на процесите и на ресурсите. Намерата на Градот Скопје да му подариме еден ваков софтвер е само првичен чекор, како наш скромен придонес кон оптималмо менаџирање со ресусите на јавните претпријатија кои што раборат врз УЛТИМА софтверската платформа”, изјави Александар Пајковски, Генерален менаџер на Дуна Компјутери.

Консолидирањето на податоците и интегрираното мониторирање на процесите од еден центар, ќе овозможи поквалитетен менаџмент на функционирањето, како и на планирањето на финансиите на градските Јавни претпријатија. Сето ова, во крајна линија, истакнуваат во Дуна, би ја зголемило ефикасноста и ефективноста на Јавните претријатија во главниот град.

“Од друга страна, еден ваков ERP и BI софтвер ќе му овозможи на Градот Скопје заштеда на големи финансиски средства кои што во иднина би имале намера да ги ги издвојуваат за парцијални набавки на разновидни софтвери за некои Јавни претпријатија. На пример, каков што беше последниот случај со тендерот за набавка на софтвер за скопското Јавно Претпријатие Водовод, тежок 500.000 евра, кој што неодамна беше поништен. Ваквата заштеда, Градот Скопје ќе може да ја употреби за најразлични инфраструктурни проекти или за општествени, социјални, културни, спортски и други намени во полза на граѓаните на македонската метропола”, потенцира Пајковски.

index

Најавената донација на BI и ERP софтвер за Град Скопје наменет за Јавните претпријатија, е во рамките на годишната програма за општествено полезни активности на Дуна Компјутери.

Јавни претпријатија во главниот град кои долги години функционираат врз УЛТИМА софтверската платформа се Водовод, Комунална хигиена, Паркови и зеленило и, делумно, Паркинзи на Град Скопје.

Дуна Компјутери е водечка македонска IT компанија, која обезбедува целосна интеграција и одржување во компаниите, во мобилните решенија, како и во управувањето со документи. Во своето 22 годишно работење, Дуна Компјутери се етаблира како експерт за корпоративни проекти и стана позната по своите уникатни, регионално и интернационално признати софтверски решенија.

Дуна Компјутери е креаторот на ERP софтверот ULTIMA®, софтверски производ дизајниран за професионалци и за претпријатија.

Дуна е ексклузивен увозник на светски познатите брендови - Apple, RICOH, OKI, Psion, Clasus Interactive Whiteboards, Brahler ICS, Tentnology; потоа е дистрибутер за Garmin; со лиценца HP најпосакувана партнер; Adobe и Corel партнер; како и производител на фискалните каси Браво.

Дуна компјутери функционира и во регионални рамки, со свои отворени претставништва во Белград и во Тирана.

ERP (Enterprise Resource Planning - Планирање на ресурси за претпријатија) - е софтвер за управување на бизнис процеси кој што овозможува на компаниите да користат систем на интегрирани софтверски апликации за да се справат деловните придизвици, како и автоматизација на многу back-office функции поврзани со технологија, услуги и со човечки ресурси.

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно