Е адитиви во храната – колку се штетни и што означуваат

Адитивите ги среќаваме во преработената храна.

Бои, засладувачи, регулатори на киселини, емулгатори, конзерванси сите овие се адитиви кои најчесто се обележуваат со буквата Е и некаков број до нив.

Сево ова ни е познато, но дали знаете кои од нив се штетни а кои не?

Е100 – Е199

Претставуваат бои односн адитиви кои се додаваат за да ја сменат, засилат или подобрат бојата на месото, откока веќе истото поминало низ некаква преработка.

Освен за месни производи најчесто се користат за газирани пијалоци и десерти.

Боите можат да бидат природни или синтетички, а многу истражувања ги поврзуваат со појавата на карцином.

Е200 – Е299

Ова е ознака за најштетните адитиви односно конзервансите. Тие се додаваат за до спречат расипувањето на храната, да г продолжат нејзиниот век на трајност.

За нивната употреба постојат правилници бидејќи прекумерната употреба е многу штетна за организмот.

Е300 – Е399

Овие адитиви се наречени уште и антиоксиданти. Најпознати се лимоновата киселина и витаминот Ц.

Нивна цел е спречување или забавување на процесот на оксигенеација а со тоа продлжување на рокот на траење на храната.

Е400 – Е499

Тука спаѓаат згуснувачите, емулгаторите и стабилизаторите кои всушност имаат за цел да ја направат храната похомогена, да ја засладат, да ја направат поароматична и повкусна.

Е500 – Е599

Тоа се адитиви кои ја регулираат киселоста на храната и најчесто се користат за продолжување на векот на храната односно го забавуваат развојот на микроорганизмите и на тој начин го продолжуваат рокот на употреба на храната.

Е600 – Е699

Овие адитиви се најштетни и би требало да одбегнувате храна кој ги содржи истите.

Тие се користат за да се засили или нагласи природниот вкус на преработената храна и најчесто ги има во мешанитезачини, грицки, супи и слично.

Чоколадна диета: Изгубете 5 кг. за 5 дена!

Творец на диетата, Лени Неиман тврди дека причината е во тоа што црното чоколадо го забрзува метаболизмот, а со оглед дека диетата е рестриктивна не би требало да се држи подолго од пет дена.

Во текот на „чоколадната“ диета треба да се избегнува алкохолен пијалок, сол, шеќер, масно овошје како авокадо и кокос. Потоа висококалорично овошје како на пример: грозје, смокви, банани...

Пржената храна, млечни производи, црвено месо, јаткасти плодови и семки, чипс, брза храна, слатки, кафе и газирани пијалоци исто така да се исфрлат.

За да можете со оваа диета да ги изгубите очекуваните пет килограми неопходно е да бидете физички активни. Затоа освен редовните активности, вклучете три пати дневно брзо одење во траење од најмалку половина час.

Мени:

Појадок: Пуканки и овошје

Ужина: 20 г црно чоколадо

Ручек: тестенина со салата од зеленчук

Ужина; 20 г. црно чоколадо

Вечера: шпагети со домати зачинети со лук и оригано и зеленчук готвен на пареа.

Напомена: Во текот на денот пијте што е можно повеќе вода и така ќе го забрзате метаболизмот и ќе го поттикнете исфрлањето на токсини.

Млад скопјанец плати 300.000 евра за трансплатација на срце

Според д-р Жан Митрев, сопственик на специјалната болница "Филип Втори", во земјава има други пациенти кои одат во странство за трансплантација, а може да се направи во "Филип Втори" доколку се отстрани административната забрана која не им овозможува да се реализира оваа интервенција во нивната болница. Митрев уште пред 20 години направил трансплантација на срце во болница во Германија

Едно 19-годишно момче деновиве замина во странство за да му се направи итна трансплантација на срце. За да му се спаси животот државата за оваа интервенција ќе одвои од 250.000 до 300.000 евра. Но ова момче не е изолиран случај во земјава, вакви проблеми имаат многу пациенти во земјава, од мали деца до постари лица.

Според д-р Жан Митрев, сопственик на специјалната болница "Филип Втори:, во земјава има и други пациенти кои одат во странство за трансплантација на разни органи и лекување. Тој појаснува дека кај младите луѓе може да се случи многу лесно да настанат компликации кај срцето, дури и од една обична настинка и да дојде до тежок миокардит, воспаление на мускулот на срцето и еден млад човек што бил здрав во рок од неколку дена да стане многу тешко болен и да му биде неопходна итна транплантација.

-Сите овие операции, ако нема административни пречки, можат да се реализираат во нашата болница. Ние сме опремени со вештачко срце и помагаме на пациенти што се во многу тешка ситуација. Тие може со денови, па и месеци на бидат поставени на оваа машина за да можат да дочекаат органот да им се трансплантира - вели д-р Митрев, кој деновиве одбележува 20 години од неговата прва трансплантација на срце што ја направил во Германија на 36-годишна возраст и до сега извршил 15.000 операции на срце.

Тој посочи дека заедно со неговиот тим можат да направам трансплантацијата и во Македонија, но за жал денес постојат се уште административни пречки и не може тоа да се реализира, за што државата троши многу пари и пациентите заминуваат во странство.

-Не можеме долго време да добиеме дозвола за трансплантација на органи и ткива, а тоа е решение на многу пациенти од Македонија и регионот кои се соочуваат со многу сериозен животен проблем. Моја желба е да правам трансплантација во Македонија како што тоа го направив пред 20 години во Германија - нагласи д-р Митрев.

Тој појасни дека слична операција е направена во нивната болница и кај наши пациенти, но се работи за замена, односно реконструкција на самото срце на пациентот кое во меѓувреме е лекувано, а пациентот бил ставен на вештачко срце. Процедурата е иста, само што му се враќа неговото срце, а не од донор.

Трансплантација од жив донор нема, а досега се направени три вакви операции кога сопственото срце е трансплантирано.

-На еден наш вработен срцето на неговата мајка беше трансплантирано со автотрансплантација. Во 2000-та година кога го потпишавме првиот договор со Фондот ни беше дозволено трансплантација на срце и бели дробови, но за да се почне со тоа ни требаше да се добие дозвола и од Министерството за здравство. Не добивме дозвола бидејќи ни рекоа дека нема соодветна регулатива - објасни Митрев и дополни дека се работи за дозвола што ќе им овозможи тоа да го прават успешно и во Македонија.

-За овие 17 години, колку што сме тука, се уште не е донесена таква регулатива - вели Митрев и укажува дека етичките, религиозните и културолошките фактори влијаат на тоа и затоа не е лесно да се организира, оти е потребна поддршка од повеќе страни.

Уште пред 20 години во Македонија се вршеше транплантација на бубрези и тоа одлично функционираше.

-Модерните времиња дозволуваат да не се чека на трансплантација на црн дроб од донор, се почесто се прави од жив донор од компатибилен донор, односно да се земе дел од јетрата, бидејќи овој орган може да се регенерира и зголемува и потоа да се пресади на пациент - вели Митрев и дополнува дека во земјава се почесто има потреба и од трансплатација на бубрези.

Постојано ве чеша вашиот задник? - Постојат неколку причини за тоа и ужасни се!

Сигурно сите ве има чешано задникот досега, а не сте ја знаеле вистинската причина за тоа и постојано сте чепкале со раката таму назад, но чешањето сепак не престанувало.

Не зборуваме за она чешање од нехигиена, туку за чешање настанато од медицински причини, а тоа се следните.

Херпес

Ако местото на чешање е црвено, со мали плускавици најверојатно се работи за херпес.

Габична инфекција

Ако местото на чешање е црвено, со мали плускавици и се лушпи тогаш се работи за габична инфекција.

Фоликулитис

Ако местото на чешање е црвено, со потемна нијанса и испакнатини, тогаш најверојатно се работи за Фоликулитис кој настанува од наталожување на мртвите клетки на слузницата околу анусот.

Псоријаза

Ако местото на чешање е црвено, лушпесто и напукнува, тогаш се работи за псоријаза.

Егзема

Егземата ќе ја препознаете доколку местото на чешање е влажно, се разронува и има мали плускавици и испакнатици.

Хемороиди

Хемороидите настануваат од премногу седење и ќе ги препознаете по иритантно чешање околу анусот.

Без разлика која од овие причини ја препознавте кај себе, треба да имате во предвид дека истите не се сериозни, но сепак треба да посетите дерматолог и да ги третирате со специјални масти.

Доколку не забележувате ниту една од овие кај вас, а сепак ве чеша задникот постојано, тогаш обратете се кај вашиот сапун.

Популарно