П.С.Фешн денес го слави својот прв роденден. Брендот кој една година е дел од пазарот на Република Македонија и е вистински промотер на стил и добар вкус, низ овие дванаесет месеци беше дел од гардеробата на многу познати јавни личности, но и на жени кои едноставно – имаат стил
П.С.Фешн денес го слави својот прв роденден. Брендот кој една година е дел од пазарот на Република Македонија и е вистински промотер на стил и добар вкус, низ овие дванаесет месеци беше дел од гардеробата на многу познати јавни личности, но и на жени кои едноставно – имаат стил. Модни ревии, фото сесии, дружење со матурантките и апсолвентките беа дел од активностите кои брендот ги реализираше, а и отворените продажни места во Струмица и Тетово, дополнително говорат за љубовта која Македонките ја чувствуваат кон П.С.
Во прилог е хронолошка фотосесија од настаните кои ја одбележаа првата година работење на П.С.Фешн во Македонија. Ширењето модна култура – продолжува.
Ноември: Дани Димитровска станува заштитно лице на П.С.Фешн!
Декември: Отворање на VIP Lady Club.
Февруари: Кампањата „15 минути шопинг” беше прогласена за најдобро
организирана кампања во Скопје Сити Мол.
Март: П.С.Фешн, за денот на среќата, со ваучери и слатки задоволства за дамите низ Скопје!
Април: П.С. Фешн со матурантките и апсолвентките креираше модни комбинации за нивните славенички вечери!
Април: П.С. Фешн шоу во Скопје Сити Мол – Елена Стефановска носи П.С.Фешн!
Мај: П.С.Фешн го отвори својот втор продажен салон во Струмица.
Јуни: Отворање на третиот продажен салон на П.С.Фешн во Македонија во Тетово.
Септември: Дани со фотосесија за колекцијата П.С.Фешн Есен/Зима 2014
2-ри Октомври: П.С.Фешн го слави првиот роденден во Македонија!
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН P.S.