Навидум едноставно прашање, но само 3% од светската популација го знае одговорот. Дали вие некогаш некој ве прашал да го оцените квалитетот на вашиот живот на скала од 1 до 10?
Само околу 3 до 5% од светското население знае што сака. Овие луѓе ги поставиле своите цели, и краткорочните и долгорочните, а нивната цел во животот е да ги исполнат тие цели.
Разислете за тоа. Погледнете го вашиот живот денес. Дали се будите наутро полни со амбиција и возбудување бидејќи пристигнал новиот ден? Или пак ви е тешко да се пробудите се додека алармот не започне да ѕвони, за да започнете уште еден едноставен ден задоволувајќи се со она што го имате, останувајќи онакви какви што сте?
Повеќето луѓе поминуваат во животот не барајќи како да го подобрат. Остануваат немотивирани, обвинувајќи го животот и другите луѓе за се' што им тргнало на лошо. Тие немаат внатрешен оган, немаат животен полет, а тоа е криминално исфрлање на самиот живот.
Всушност, вие ја имате моќта да го промените сопствениот живот. Вистина е дека во животот можете да го имате она што навистина го сакате.
Дали во овој момент можете точно да кажете што сакате:
Повеќето луѓе не можат. Повеќето луѓе се како голем, силен брод со голем и силен мотор, но без кормило. Не знаат што сакаат или каде сакаат да одат.
Запрашајте се ова: „Кога би можел да имам што сакам, било што сакам, да бидам каде што сакам, без разлика на парите, цената, староста, образованието или талентот, што би бил и каде би бил?“
Ова е најважното прашање во вашиот живот. Можете да го промените вашиот живот. Можете да го движите вашиот живот. Вие ја имате таа моќ. Единствено што ви е потребно е мотивација и определеност.
Мотивирајте се, сега, така што ќе земете хартија и пенкало. За момент заборавете на вашите проблеми. Запишете што вие сакате. Оставете на вашите мечти да ве одведат на магично патување кадешто нема ограничување. Дозволете си да сонувате. Погрижете се да сонувате на големо.
Потоа, повторно следува прашањето: „Дали знаете што сакате од животот?“ Немојте да живеете уште еден и уште еден ден без да започнете да ја исполнувате целта. Едноставно е. Зграпчете ја хартијата и направете листа на вашите цели.
Оваа едноставна вежба ви обезбедува дека сте целосно, 100% сигурни дека знаете што сакате од вашиот живот. За да го добиете она што го сакате, морате да знаете што сакате. Од моментот кога знаете што сакате од животот, веднаш станувате мотивирани, а вашиот живот добива ново значење.