(ЕМОТИВНО ВИДЕО) Роналдо “разбуди“ детенце кое било во кома 3 месеци

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо имаше емотивна средба со полскиот тинејџер Давид Павлачик, кој помина три месеци во кома, а се разбудил во моментите кога португалскиот голгетер постигнал погодок.

ronaldo-640x419

Роналдо се сретнал со семејството на малиот Павлачик и сите тие му беа специјални гости на дуелот против Легија.

Тинејџерот кобната несреќа ја имало во 2013 година, кога возејќи велосипед, бил удрен од автомобил. Давид тогаш паднал во кома и цели три месеци не се разбудил, се додека не слушнал коментаторот како реагира на гол кој го дал Португалецот.

Сега Давид имаше можност и во живо да се запознае со својот фудбалски идол.

(ФОТО) Италијанските медиуми често ја фаќаат топлес: Сопругата на Тоти е вистинска секс бомба

Очигледно сопругата на Франческо Тоти е „најсреќна“ што легендарниот фудбалер вчера кажа збогум на фудбалот и целосно посветување на семејството.

Двајцата се заедно од 2003-та година, а две години подоцна се одлучија да се  венчаат и денес  имаат три деца Кристијан, Шанел и Изабел.

Илари Блази која е ТВ водителка честопати ги бранува италијанските медиуми, а честопати таа се појавува и провокативно на плажа, а еве со кого Тоти од денес ќе ги поминува пензионерските денови.

ОЛИМПИКО ВО СОЛЗИ - Миленикот Тоти заминува во пензија, навивачите со солзи во очите го испратија својот крал

Фудбалскиот свет очекуваше емоции, но никој не очекуваше навивачите да го исполнат целиот стадион и да останат и два часа по завршувањето на натпреварот да го испратат со солзи во очите својот капитен Франческо Тоти во пензија.

Плачеше Олимпико, плачеше Рим, плачеше Рома, плачеше и Тоти.

Никој не успеа да ги задржи солзите во себе. Замина уште еден идол на една цела генерација на фудбалски фанови. Лојалноста на Тоти ќе остане запаметена во иднина, особено ако се земе предвид дека модерниот фудбал речиси и да не познава фудбалер како Тоти кој целата своја кариера ја посвети на својот еден и единствен клуб и негова голема љубов - Рома.

(ВИДЕО) КАКО ТЕПА МАКЕДОНСКИ ВОИН: Даниел Стефановски за две минути го нокаутира противникот

Пред почетокот на дуелот, црномурестиот борач имаше мал сценски перформанс, претставувајќи се себе си како опасен тепач. Стефановски, пак, во рингот влезе без големи глумења.

Македонскиот воин, како што го најавуваат на почетокот од борбите, Даниел Стефановски за две минути успеа да го нокаутира црномурестиот Јану да Круз на Суперкомбат натпреварот кој се одржа во Мадрид, Шпанија. Борбата беше во категорија К-1, за натпреварувачи до 81 килограм.

Пред почетокот на дуелот, црномурестиот борач имаше мал сценски перформанс, претставувајќи се себе си како опасен тепач. Стефановски, пак, во рингот влезе без големи глумења. Тој само ги крена рацете во воздух, се прекрсти и застана во рингот.

Вистинскиот воин се покажа откако почна борбата. Стефановски му дозволи на противникот да го направи првиот напад. Тоа му беше тактички потег за да ја види силата, но и слабоста на противникот.

Штом помина првиот напад, следеше молскавичен одговор од Стефановски. Зададе повеќе силни удари, и едно силно колено во лице.

Набргу следеа уште удари, како и повторно колено во лице, со што црномурестиот „силен“ противник бргу се најде на подот. Победата на Стефановски беше изненадување, со оглед дека фаворит во дуелот беше Да Круз.

Ова е 5 победа во серијата Супер фајт која Даниел ја забележа со серија од рачни и ножни удари.

Популарно