Еве како уапсените планирале да го наместат и да си ги поделат парите од „Скопскиот фестивал“

Во врска со завчерашниот избор на песна за Евровизија, МВР добило информации дека од страна на организирана група се планира местење на резултатите за избор на првите три места на музичкиот „СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ 2014“ каде како награди се предвидени вкупно 45.000 евра, средства обезбедени од Министерството за култура.

brandasdasd2221

МВР вчера соопшти дека за тоа навремено бил известен надлежниот јавен обвинител при што по преземени оперативно тактички мерки потврдени се првичните сознанија дека осомничените лица превземаат конкретни дејствија во насока на извршување на кривичните дела „Злосторничко здружување“ и „компјутерска измама”.

Утврдено е дека лицата организирано и координирано спроведуваат низа активности, на начин што подготвуваат СИМ картички и телефонски уреди, за да можат во периодот на гласањето да испратат поголем број СМС пораки кои би влијаеле при изборот на првите три места на музичкиот „СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ 2014“.

Крајната цел на групата била да делува на резултатите од гласањето, односно поделбата на фондот наменет за награди кој е обезбеден од страна на Министерството за култура во вкупен износ од 45.000 евра, а преку тоа влијаеле и на конечниот пласман на учесниците во фестивалот.

Како лица организатори на таквите манипулации се четворица осомничени на возраст од 26 до 56 години, сите од Скопје, меѓу кои сопственик на една продукциска куќа, автор и композитор на песни, како и сопственик и управител на друштвото кое го организира телефонското гласање. Освен нив, постојат сомненија дека се вклучени и други лица ангажирани од страна на фирмата задолжена за спроведување на телефонското гласање, односно електронското следење на самото гласање.

Четворицата првоосомничени се појавуваат во својство на организатори на криминалните активности и по претходен договор со лица вработени во мобилните телефонски оператори, купувале поголема количина мобилни телефонски апарати и СИМ-картички од трите мобилни оператори, кои што картички биле заведени на име ТЕСТ или на непостоечки лица со една или две измислени адреси (ул.„Беровска“ и „Партизанска“ ББ). Картичките биле активирани и подготвувани од вкупно четири IMEI односно ги отстранувале безбедносните ПИН и ПУК кодови на набавените СИМ картички се со цел за нивно поедноставно користење за самото гласање.

Се претпоставува, стои во соопштението од МВР, дека организаторите за местењето на наградите и пласманот претходно се договарале со учесниците-изведувачи, кои најчесто се однесувале за давање услуги по однос на аранжмани за песни или спотови кои требало да бидат изработени од страна на продукциските куќи.

Манипулацијата и местењето на наградите е правено со кординирано испраќање на СМС пораки од страна на поголема група лица кои се ангажирани од страна на организаторите на кои претходно им биле поделени СИМ-картичките. Тие биле лоцирани на две локации и во текот на гласањето гласале по однапред дадени инструкции (3х2х1 – три гласа давале за договорениот изведувач за прво место, два гласа давале за договорениот изведувач за второ место и еден глас давале за договорениот изведувач за трето место и така гласале од добиените телефонски апарати и СИМ-картички). Од лице ангажирано од фирмата која го спроведувала телефонското гласање и обработка на пристигнатите СМС пораки од гласањето, добивале информации за текот на резултатите од гласањето, односно инструкции на кој од договорените изведувачи му требаат гласови, па истите да знаат како односно за кој изведувач да гласаат.

Со цел обезбедување на материјални докази врз основа на добиена Наредба од судија на претходна постапка по завршување на телефонското гласање, веднаш по завршување на фестивалот, започна претрес на две локации во Скопје каде што беа затекнати 14 лица, голем број телефонски апарати и околу 2.500 СИМ картички од кои координирано се вршело испраќање на СМС пораки по однапред дадени инструкции со цел да се влијае на конечниот распоред за првите три места.

Со исклучок на еден од четворицата првоосомничени кој се наоѓа во странство, останатите три лица се приведени во ПС „Кисела Вода“. Со нив и со уште едно лице е извршен информативен разговор. Тие побарале присуство на бранител по што одлучиле да молчат. Извршена координација со надлежниот ЈО и по документирањето на случајот, истите се ослободени, а против нив дополнително ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка.

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. 

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %). 

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Популарно