Ако имате проблеми со спиењето или се будите лесно во текот на ноќта, тогаш еве го решението. Правете интезивни вежви или спортувајте навечер, тоа ќе го подобри квалитетот на вашиот сон.
Наодите на швајцарските научници од Универзитетот во Базел се спротивни со вообичаените препораки дека треба да се избегнува интензивно вежбање пред спиење. Во истражувањето учествувале 52 испитаника на просечна возраст од 19 години.
Учесниците во истражувањето практикувале спортски активности во траење од 60 до 90 минути, околу час и половина пред спиење, по што било утврдено дека интензивното вежбање е поврзано со пократок период на будност, помали шанси за будење во текот на ноќта и подолго траење на длабокиот сон.