Фановите бесни: Адил го откажа настапот во Скопје поради можни немири

Адил Максутовиќ во петок требаше да настапи во Скопје, но српскиот пејач го откажа настапот.

Според официјланиот профил на Адил, тој не доаѓа во Македонија поради некаква вонредна состојба и можност за немири во нашата земја.

Тој на Фејсбук напиша:

„Поради можни немири и вонредна состојба во Македонија, настапот на Адил за 23.12.2016 во Скопје се одложува од страна на организаторот. За новиот термин ќе бидете дополнително известени. Срдечен поздрав. Адил Максутовиќ“.

По неговата изјава, пејачот буквално беше нападнат од страна на македоските фанови кои му порачаа да не создава тензии и да не шири дезинформации и лаги.

ФОТО: Илјадници фанови му одадоа почит на Кралот на рокенролот

Ноќта пред 40-годишнината од неговата смрт, пред неговиот имот во Мемфис се собраа илјадници фанови да му оддадат почит со на Кралот на рокенролот со свеќа во рацете.

Меѓу нив беа и Присила и Лиза Мари Присли.
72-годишната поранешна сопруга и 49-годишната ќерка на Елвис беа во топлата која го славеше животот и делото на легендарниот музичар.

ВИДЕО: Татко и три сина се поајвија на сцената и го расплакаа Самуел

Неал е вокална група која ја прават татко и и неговите 3 сина, станаа вистинска атракција откако се појавија на аудицијата.

Пред 10 години таткото Лаурие имал срцев удар, а од тогаш се опоравил благодарејќи на музиката. Од таа причина одлучиле заедно да се фокусираат на музиката, во иднина.

Нивниот избор на песна на аудицијата била песната „Father and Son” од познатиот изведувач Кет Стивенс.

Членовите на жирито не им требало многу за да се разнежнат, некои дури и заплакале.

Ова видео е доказ дека на светот не постои посилна врска од ние кои  имаат браќа, родители и деца

Погледнете го видото:

ВИДЕО: Најтажната песна од СФРЈ крие голема тајна – еве за кого е отпеана

Зад песната „Tu noc kad si se udavala“ која е хит повеќе од 20 години, се крие вистинска трагична судбина. Настаната во 1993. година, отпеана од легендарните “Прљаво казалиште’, таа се базира на вистинска приказна.

Лидерот на бендот, Јасенко, имал девојка која му била се. Тој отишол во војска и разделбата била неизбежна. Секако, тој ја прашал дали ќе го чека, а таа рекла да, а тој и верувал. Кога се вратил имал закажана свирка со бендот на една венчавка и тоа нејзината!

Jасенко никогаш не сака да зборува за оваа песна.

Популарно