ФИБА ја суспендира Македонија и уште 13 други земји

Светската кошаркарска асоцијација ФИБА суспендираше 14 европски земји меѓу кои е и Македонија, од квалификациите за Европското првенство 2017 година.

FIBA

Како што пренесува специјализираниот за кошарка интернет портал „Спортандо“, ФИБА казни 14 федерации за поддршката што тие ја искажаа за натпреварувањата Евролига, Еврокуп и АБА лигата, кои не се под закрила на ФИБА.

Суспендирани се: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Русија, Литванија, Шпанија, Италија, Грција, Турција, Израел и Полска.

Сепак, ФИБА остава можност суспендираните федерации до 20 април да ги преиспитаат своите одлуки за поддршката на непризнаетите од ФИБА натпреварувања и со тоа да се симнат суспензиите.

(ФОТО) Интернетот „гори“: Се соблече најубавата тенисерка!

Канадската тенисерка Еугени Бушар позираше за познатниот магазин „Sport Illustrated“ на карипскиот остров Аруба.

Бушар во 2014 година беше 5-те тенисерка во светот и играше во полуфинале на Австралиа Опен и Ролан Гарос, како и финале на Вимблдон.

Бушар ја сметаат за една од најубавите спортистки во светот, а тенисерката тоа добро го наплаќа со своите едиторијали како модел.

Иако во кариерата има освоено само една титула во 2016 година беше во Топ 10 спортистки со најдобра заработка.

(ВИДЕО) Страшен пад на Олимпијадата: Само чудо го спаси од смрт!

Маркус Ширер, сноубордер од Австрија доживеа страшен пад на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.

Имено, во квалифинациите за полуфинале во дисциплината сноуборд-крос, 30-годишниот Маркус загуби контрола на последниот скок и после дваесетина метри летање падна на грб и врат.

Австриецот веднаш беше пренесен во болница каде е установено дека има фрактура на петтиот вратен пршлен, што значи дека само чудо го спасило од сигурна смрт.

ФОТО: Црно - бело - Најзгодните тенисерки се соблекоа за ,,Спортс Илустрејтед”

Јуџин Бушар, канадската тенисерка, која неофицијално важи за една од најубавите тенисерки на денешницата, на социјалните мрежи се пофали со нејзината фотосесија за позната магазин ,,Спортс Илустрејт”.

Бушар во моментов е надвор од 100 најдобри тенисерки на ВТА листата и не може да се пофали со добар резултат измината година. Таа иако има 23 години до сега нема победено и освоено ВТА титула во кариерата.

 

A post shared by Genie Bouchard (@geniebouchard) on

 

A post shared by Genie Bouchard (@geniebouchard) on

 

A post shared by Genie Bouchard (@geniebouchard) on

Нејзиниот најголем дострел се случи во 2014 година кога се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен и Ролан Гарос, а успеа да стигне и до финалето на Вимблдон, а со тоа и да се најде и на петтото место на ВТА за 2014 година.

Покрај неа, од тенисерките, фотосесија направи и Слоан Стивенс, која изненади со нејзините облини. Стивенс го привлече вниманието на себе со освојувањето на УС Опен во 2017 година и во моментов се наоѓа на 12.место на ВТА листата.

Популарно