Во тој момент, му останало само да биде духовит. Денес, за чинот на Бен Инеса се смее целиот свет.
Британецот, кој патувал со киднапираниот египетски авион, кој стоеше со часови под опсада на аеродромот во Кипар, испадна фаца на денот!
Додека траела заложничката криза во киднапираниот авион, Бен како заложник, побарал од киднаперот Сеиф Елдин Мустафа да направи со него - селфи!?
На изненадување на сите, киднаперот прифатил. Бен бил еден од четворицата Британци кои биле во авионот кој беше киднапиран кратко по полетувањето од аеродромот во Александрија, во вторникот.
Иако целата светска јавност била вознемирена сомневајќи се на нов напад од страна на џихадистите, се покажа дека киднапирањето Мустафа го направил поради поранешната сопруга. Имено, жената е од Кипар, а Сеиф на овој начин сакал да ја натера да се состанат и да разговара со него.
- Тој не е терорист. Тој е идиот. Терористите се луди, но не се глупави. Овој човек е - изјавил еден од претставниците на Египетското Министерство за надворешни работи.