ФОТО: Џибони доби македонско вино со своја етикета

Непосредно пред големиот концерт кој се одржи вечервечер на 16ти ноември во Скопје, Џибони заедно со членовите на тимот со кој допатува, одбра да ужива во македонските вино, специјалитети и друштво во луксузниот ресторан на Винарија Стоби кои му приредија специјално изненадување.

За добредојде на кантавторот, винаријата Стоби му подари вино Мерло со етикета на која беше отпечатен ликот на Џибони. Хрватската музичка ѕвезда воодушевена од изненадувањето но пред се од квалитетот на вината кои ги дегустираше и од вкусната храна подготвена во реномираниот ресторан, помина неколку интересни часови во дружба со менаџментот на винаријата.

gibonnivovinarijastobi4

„Повеќе пати сум доаѓал во Македонија, но посетата на едно вакво скриено богатство како што е ресторанот на Винарија Стоби е вистинско доживување на една земја и култура. А мое убедување е дека преку храната, виното и песната се запознаваат и зближуваат народите. Навистина сум импресиониран од квалитетот на вината и одличната храна што ги пробав тука, како да запознав една сосема поинаква Македонија. Сигурен сум дека во секое мое наредно доаѓање, ова место кое ми пружи неверојатно искуство ќе се најде на списокот на работите кои би сакал повторно да ги посетам“, изјави Џибони.

gibonnivovinarijastobi9

За време на винската тура во Винарија Стоби, посетата на производствените капацитети и барик-одделот, Џибони не успеа да ги сокрие импресиите од концептот на функционирањето на винаријата. Пројавувајќи интерес за секој вид на вино посебно, како се прави, во комбинација со каква храна се пие и на која температура се дегустира, Џибони ја напушти винаријата побогат со многу нови искуства и познавања од областа на енологијата.

gibonnivovinarijastobi3

Џибони по четири годишна пауза, вчеравечер, на 16ти ноември (сабота) приреди неверојатен концерт за македонската публика, кадешто гости му беа  познати музички имиња од нашата естрада. 

gibonnivovinarijastobi8

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно