ФОТО: Драма на деветти кат, Љиљана се обиде да скокне од зграда

ljiljana-vasic-samoubistvo-pretnja-terasa-labudovo-brdo-foto-nebojsa-mandic-1433801520-676079

Љиљана Васиќ (60) од Белград вчера се закани дека ќе скокне од деветиот кат од зградата во населбата Лабудово брдо, и ова е нејзин четврти пат досега како сака да си го одземе животот.

Љиљана не сака да се иссели од станот кој нејзиниот син наводно го продал, па со сати седела на работ од терасата, додека нејзината тригодипна внука Ангела била внатре во станот. Драмата на Лабудово брдо е окончана околу 16.30 минути кога жената се вратила во својот стан.

Извадила и нож

Љиљана Васиќ околу 11 часот излегла на терасата, седна на работи и се закани дека ќе скокне.

-Преговарачкиот тим на МВР од терасата на соседниот стан се обидуваше да ја вразуми жената. По некое време Љиљана зеде кујнски нож и се закани дека ќе се избоде. Викаше: Не го давам својот стан на мафијата! Пуштете ме! - раскажуваат собраните соседи.

Како што дознава српски Курир, причина за обидот за самоубиство се нерасчистените односи во врска со станот во кој Љиљана живее со снаата Анита и внуката Ангела.

-Синот на Љиљана Петар, кој е во затвор потпишал договор со кој овозможил продажба на станот, Како сопственик сега се појавува Зоран Ќирковиќ кој неколку години се обидува да се всели, велат соседите.

Според нив ова е четврти пат како жената се обидува да скокне. Првиот пат уште во 2011 година, а последен пред месец дена.

-Нека прави драма, само сакаме нашите деца да не го гледаат овој циркус, велат загрижените комшии.

ljiljana-vasic-samoubistvo-pretnja-terasa-labudovo-brdo-foto-nebojsa-mandic-1433801520-676077

Паднала на трамбулина

Соседите на семејството Васиќ тврдат дека Љиљана во неколку наврати можела да настрада.

-Кога по втор пат се обидувала да скокне, паднала на трамбулината пред зградата. Минатиот пат се лизна, но успеа да се задржи, велат станарите.

Според нејзината снаа, Љиљана е во лоша состојба.

-Влегов во станот и се обидова малку да ја смирам. Не знам што ќе биде со нашиот стан и се молиме овој пекол да заврши, вели Анита.

По драмата која траела 4 часа, полицијата, пожарникарите и брзата помош се повлекле. Кога видела дека повеќе никој нема пред зградата, Љиљана влегла во станот.

Синот не знаел што потпишува

Бојан Добројевиќ, адвокатот на Љиљана Васиќ вчера бил пред станот на својата клиентка.

-Нејзиниот син Петар е измамен, бил убеден дека потпишува хипотека, а всушност тоа бил купопродажен договор. Семејството Васиќ со години минува низ оваа тортура, вели адвокатото.

Денеска ќе бидат сослушани осомничените за убиството на малата Данка

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), јавија српските медиуми.

Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај. Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ беше донесена во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови.

Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење.

Последен ден од изборната кампања пред парламентарните избори во Хрватска

Учесниците на изборите за хрватскиот Сабор официјално можат да ги претстават своите програми и кандидати денеска до полноќ, кога почнува дводневниот изборен молк, а два часа пред полноќ почнуваат изборите за Парламентот во странство, во Австралија.

Изборниот молк во Хрватска ќе трае до среда, 17 април, до 19 часот, односно до затворање на околу 6.500 избирачки места, пренесува Хина.

На почетокот на изборниот молк, 17-дневната официјална кампања ќе заврши пред изборите, кои наместо в недела, овојпат се одржуваат в среда, а на кои се кандидираше претседателот на Републиката Зоран Милановиќ oд листата на СДП, како кандидат за премиер. Негов главен ривал е актуелниот премиер Андреја Пленковиќ од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Аналитичарите очекуваат дека ХДЗ ќе победи на изборите, но и дека партијата нема да може сама да формира влада, додека ако СДП се обиде да формира влада, ќе и бидат потребни партнери од десницата.

Социјалните, економските и надворешнополитичките прашања беа на маргините за време на кампањата, иако ХДЗ на Пленковиќ долго време беше предмет на критики поради бројните корупциски скандали и злоупотребата на фондовите на Европската Унија. Иако Пленковиќ негираше вмешаност на партијата во скандалите и изјави дека платите во Хрватска пораснале за 8,6 отсто во однос на 2023 година, а земјата забележала економски раст од 2,8 отсто, многу повисок од просекот во ЕУ, довербата на гласачите сепак опаѓа.

Последните анкети покажуваат дека ХДЗ, проевропска десничарска партија која ја водеше земјата независно или во коалиција 26 од скоро 33 години откако Хрватска прогласи независност, може да смета на 60 места во 151-члениот парламент – шест помалку од претходно.

СДП може да смета на три пратеници повеќе отколку што има сега – 44 наместо 41, покажуваат анкетите.

Самиот Милановиќ предизвика вознемиреност, главно на меѓународната политичка сцена, противејќи се на зголемувањето на помошта за Украина, за разлика од повеќето членки на ЕУ, а понекогаш настапуваше и со отворени проруски ставови, наведува Би-Би-Си.

Предизборната игра се вртеше околу имињата на претседателот на републиката и премиерот, чиј конфликт веќе неколку години е во центарот на хрватската политика.

Кога Милановиќ на 15 март објави дека „дојде време да се оседлаат коњите“, објавувајќи ја својата кандидатура за премиер на изборите на 17 април, предизвика вистински земјотрес на хрватската политичка сцена.

Уставниот суд набрзо му забрани на Милановиќ директно учество на изборите и премиерска кандидатура се додека не поднесе оставка од претседателската функција, што до ден денес не го сторил.

Милановиќ најави катарза и „запирање на хрватската трагедија“, а од СДП главно ја обвинуваа ХДЗ за корупција.

Премиерот Пленковиќ претходно го нарече Милановиќ „скриен лидер на опозицијата“. Сето ова што се случува е обид за мини пуч, злоупотреба на институциите“, рече тогаш Пленковиќ.

Право на глас на 17 април ќе имаат 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година.

Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици: 10 се распоредени на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства.

Во секоја од првите 10 изборни единици, во парламентот се избираат по 14 пратеници, додека три мандати избираат дијаспората и Хрватите кои живеат во Босна и Херцеговина, а осум доаѓаат од редовите на партиите на Србите и другите малцинства.

Во 11 изборни единици пријавени се вкупно 165 листи, а од малцинските листи има уште 17 кандидати.

Се избираат 151 пратеник, па за мнозинство во хрватскиот Сабор потребно е да се добијат 76 мандати.

Прелиминарните резултати ќе бидат познати веќе во текот на изборната ноќ.

Потрагата по телото на двегодишната Данка продолжува

Продолжува потрагата по телото на убиената Данка Илиќ кај Бањско поле.

Осомничените за нејзиното убиство Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор, а се уште нема јасни индиции каде осомничените го сокриле телото на убиеното девојче.

Телото на Данка Илиќ најпрво беше барано во Бањско поле, местото каде што е убиена, по што е извршена потрага во селата Злот и Лука.

„Само да го најдеме телото на нашата Данка, да знам што и направиле овие монструми и достоинствено да ја закопаме и да знаеме каде можеме да ја посетиме“, вели Милан Илиќ, дедото на убиената Данка за чие тело се трага десет дена откако е откриено дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ прво ја удриле со автомобил, а потоа ја убиле.

Во потрагата на потегот од село Злот до местото Шумраковац се вклучија и 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување ја води началникот на полициската управа Бор, Зоран Милијиќ.

Се пребаруваше коритото на реката Злот, како и акумулациите за вода.

Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ЈКП „Водовод“ и добро го знаат распоредот на тие цистерни, а поради работата редовно ги посетувале и знаеле за сите скриени места, па сега фокусот на пребарувањето е на тоа.

Популарно