ФОТО: Голем пожар во Скопје

Во пожарот што избувна денеска околу девет часот зад „Дрводекор“ во центарот на Скопје, изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.

Ѕвонко Томевски, командант на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА за изјави дека во пожарот нема повредени лица.

– Пожарот е локализиран и во тек е расчистување на локацијата. Во пламен беше кровната конструкција, а противпожарните екипи интервенираа брзо, рече Томевски.

– Дојавата за пожарот беше во 9 часот и 15 минути, а е изгаснат за десетина минути, изјави Томевски.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени осум противпожарни возила.

А1.он

Зоран е убиецот на Јелена, нешто „смрди" во неговата приказна

Полицаецот Владимир Савиќ од Србија во разговор за српскиот Курир, ексклузивно говори за убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ и мистерија која таре веќе година и половина.

- Се што читам наутро, навечер, попладне тоа е убиството, кое е главна тема секаде. Се што јас би прашал јавно е зошто претресот на куќата на Јелена се случи утредента од убиството и беше одложен? Во која положба бил тепихот? Како е можно Јелена да трча на насипот и да и го најдат лешот, а нејзиниот сопруг да оди таму со автомобил иако има рапма?, започнува полицаецот.

Според него, со оглед на тоа што живее на тој терен, невозможно било Зоран ништо да не види и да не чуе.

- Не е можно Јелена да ја убијат на насипот, а тој да не види и да не чуе ништо. Се се гледа и слуша, не е можно нема толку густо зеленило за да не ја види, вели тој.

Полицаецот вели, кој нормален сопруг и татко си оди со детето, наместо да ја побара сопругата која ја нема? 

- Ако покојната воопшто трчала тој ден, како не се вратил по неа. Рекла дека ќе истрча круг, зошто заминал дома мислејќи дека таа е таму? Час по погребот дава интервју, а сега влезе и во реално шоу. Тука нешто смрди, вели полицаецот.

Според него, тој имал и помош од семејството за злосторството.

Скопје: Со автомобил слетал во Вардар!

Случаен минувач утринава го пријавил настанот во полицијата велејќи дека забележал автомобил „Пежо“ како влетал во водите на реката непосредно пред мостот кај Сарај.

Повредениот е Н.А. (25) од село Буковиќ кој итно е пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.

Скопјанец нападнат и ограбен од проститутка

Три непознати лица извршиле разбојништво во понеделникот вечерта 60-годишен скопјанец од скопската приградска населба Илинден на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во близина на бензинска пумпа.

Кога 60-годишниот Б.А. застанал со своето патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, му се доближило непознато женско лице кое му понудило сексуална услуга, но откако Б.А. ја одбил, таа се обидела насилно да му го одземе паричникот од џебот на маицата, викајќи и удирајќи го по главата.

Откако му го одзела паричникот, се доближиле две машки лица, на кои таа им го фрлила паричникот. Едно од лицата го нападнало Б.А., а притоа женското лице ги одзела парите од паричникот, го фрлила во возилото и побегнала во непознат правец, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Популарно