ФОТО: Голема заплена на Блаце – го уловиле со 68 кила дрога

На 5 јануари 2017 година, околу 22:30 часот на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија беше запрено комбинирано комбе (патничко-товарно) со хрватски регистарски ознаки, управувано од лицето Б.К., хрватски државјанин. На прашање дали има нешто да пријави за царинска контрола,лицето одговорило дека нема ништо за пријавување.При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет за товар, пронајден е специјално направен бункер. Во бункерот биле сместени 39 опаковки со различна големина обвиткани со стреч фолија исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 68,5 килограми.

Осомничениот Б.К. изјавил дека дрогата ја набавил од лице од Р.Албанија со намера истата да ја транспортира преку Македонија со крајна дестинација Германија, а за пренесувањето на марихуаната требал да добие парична награда. Цената на западно-европскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 200.000 евра, додека во малопродажба може да биде и двојно поголема

Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.

ВИДЕО: Потона Мис Стоун, нафтата се излеа во Охридското езеро

Огромна нафтена дамка ја прекри водата во каналот Студенчишта, пишува порталот Охрид 1.

Мирис на нафта се шири од излеаната нафта во каналот Студенчишта која го прекри речиси целиот канал во неговиот горен дел кон Билјанини Извори, и распрснати парчиња од дамката веќе стигнаа до устието на каналот Студенчишта каде тој се спојува со Охридско Езеро.

Нафтата според рибарите истекла од бродчето „Мис Стоун“ кое до половина потонато утрово го забележале во каналот.

Рибарите ( кои и покрај тоа што каналот е прекриен со нафта )  велат дека вчера се било во ред, и дека најверојатно еколошкиот инцидент со излеаната нафта и тонењето на бродчето настанал во текот на ноќта.

Низ каналот Студенчишта во Охридско Езеро се слева  вода од изворите „Бејбунар“ ( кои имаат вода, од „Билјанини Извори“ ( во моментов немаат вода ) и од изворите на „Хидробиолошки Институт“ ( кои имаат вода )

До објавувањето на веста не беше известена ни една институција, ни полиција ( пред која нафтата течеше бидејќи тука е лоцирана езерската полиција ), „Хидробиолошки Институт“ ни „Капетанија на пристаништа“.

Јоци: Ниту одев по улици за ова, ниту имам намера да ве гласам пак

Поранешната новинарка, која беше дел од „шарената раволуција“, Јорданка Ивановска - Јоци, многу брзо се разочара од новата власт на централно и локално ниво. Своето незадоволство го изрази преку статус на ФБ.

ВИДЕО од синоќешната акција на МВР и УЈП во Тетово

Министерството за внатрешни работи објави видео снимка од вчерашната контрола што ја изврши во ноќните клубови во Тетово.

Полициските екипи заедно со инспектори на Управата за јавни приходи синоќа проверуваа угостителски објекти во повеќе градови, меѓу кои и во Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар и во Велес.

Минатата недела имаше акција во Скопје, во која беа затворени 13 локали.

Детали за синоќешната акција се очекуваат по прес конференцијата на МВР, која ќе се одржи денеска во 13:30 часот.

Популарно