ФОТО: Како БЕСПЛАТНО да го згреете вашиот дом оваа зима?

39-годишниот професор, Дарко Миличевиќ од Парачин, Србија, верувале или не, од празни лименки направил соларен панел кој надворешната температура на воздухот од минус пет, на „волшебен“ начин со помош на сонцето, го загрева на плус 52, колку што е температурата на воздухот кога влегува во неговиот дом.

ured-520x390

– Минатата зима барав на интернет за алтернативни начини за загревање. Најдов многу различни идеи, но оваа ми привлече внимание затоа што ми се виде мошне едноставна. Купив иверица, стиропор за изолација, боја, силикон… Направив пауза, па проектот траеше неколку месеци додека не скоцкав се како што треба. Пред зимата плочата ја монтирав на јужниот ѕид во домот затоа што сончевите зраци таму се најсилни, вели овој креативен професор.

limenki-520x293

Системот за греењето со помош на конзерви функционира така што ладниот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран систем го загреваат лименките преку сончевите зраци. Воздухот природно се движи најгоре и влегува во домот низ избуешен отвор во ѕидот.

– Почнав со работа така што направив рам од иверицата со димензии метар на метар. Така направениот рам од еден квадрат го изолирав сам со стиропор од три сантиметри, со што го заштитив со црна фолија, и направив лежиште за лименките кои сам, ги офарбав во црно. Така силно се загреваат со сончевите зраци. Панелот има 11 лименки во еден ред, четири реда или вкупно 44. Не е скапо затоа што се покриваат со плексиглас, материјал кој е најскап за заштита. Тој чини околу 2 500 динари и се става на предната страна за топлиот воздухот да не излезе од системот. Во трошокот на лименките кои ги испив, овој греен систем чини околу 60 евра, без работа, вели Миличевиќ.

merac

Тој направил тестирање, а кога температурата надвор била минус 5 степени, преку уредот во куќата му влегувал воздух топол дури 51 степен целзиусов. Се разбира, хендикепот на состемот е што може да загрева само во сончеви денови

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

– Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци… Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ – именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата – на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата.

Популарно