ФОТО: Комити отворија фан – шоп во центарот на Скопје

Најверните вардарови навивачи, навивачката група Комити, од денеска имаат и официјален фан – шоп во центарот на Скопје, каде ќе се продаваат многу навивачки реквизити (маици, капи, шалови), но и останати реквизити со логото на клубот и на групата.

komiti-fan-sop-5

Фан – шопот се наоѓа на бул. „Климент Охридски“ и треба да биде уште еден потстрек повеќе за „Комитите“ повторно да се активираат во поголем број на натпреварите на ФК Вардар и на РК Вардар. На отворањето присуствуваа повеќе членови на фудбалскиот и на ракометниот клуб…

komiti-fan-sop-4

komiti-fan-sop-3

komiti-fan-sop-2-615x400

(ВИДЕО) Мајсторија за која долго ќе се зборува: Ова е кандидат за гол на сезоната!

Веќе се навикнавме наградата за најубав гол на сезоната да оди во рацете на најголемото и најпознато фудбалско име, но не мора баш секогаш да биде така.

Кандидатура за овогодинешната награда истакна Даниел Дубидад, фудбалер на Алверчурч, клуб кој настапува во осмата фудбалска лига.

Нема потреба од зборови, само погледнете го голот!

Почина тенисерката Јана Новотна

По долга и тешка болест денеска на 49 годишна возраст почина една од најдобрите тенисерки во историјата Јана Новотна.

Чешката тенисерка во текот на 14 годишната кариера освои вкупно 100 трофеи на турнирите од кои 24 во поединечна конкуренција и 76 во игра на двојки, а најголемиот успех го забележа во 1998-та кога триумфираше на Вимблдон. 

Новотна беше дел од репрезентацијата на Чешка која славеше во 1988 година, а во текот на кариерата има и три олимписки медали.

Секс видео на згодната сопруга на познатиот фудбалер со друг маж!

Сопругата на напаѓачот од Северна Ирска, Кајли Лаферти, Ванеса, е обвинета дека имала секс со непознат маж во авионскиот тоалет.

На интернет протече снимка на која пар е фатен како се секса во авионско WC, а жената неодоливо потсеќа на Ванеса.

„Не ме вовлекувајте во своите гадости. Сите кои ја видоа снимката се согласуваат дека е одвратна. На неа не сум јас“, напиша таа на Твитер.

Популарно