Фолкерката, која деновиве одбележа пет години постоење на музичката сцена, од сега па натаму ќе функционира во тројка, односно на сите настапи и јавни појавувања друштво ќе и прават две танчарки со кои веќе неколку месеци интензивно вежба и подготува кореографии.
Веќе неколку месеци работиме напорно со уште од две девојки кои од сега па натаму ќе ме придружуваат на сцена на сите мои настапи. Спремивме неколку кореографии на мои стари песни, а кон почетокот на мај одиме во Барселона каде ќе снимаме и спот. Сакам настапите во кафеаните, да ги заменам со настапи низ дискотеки, а планирам да го променам и мојот стил на музика, па од сега па натаму ќе снимам песни во поп- фолк фазон, нешто слично на она што го работат Бугаркитe", вели Џесика која очекува публиката добро ќе ги прифати овие новитети поврзани со неа.
Мислам дека со кореографиите, настапите ќе ми бидат комплетни. Нема ништо потешко од тоа во исто време да се пее и танцува, но кога тоа можат да го прават Бијонсе, Џенифер Лопез, Ријана... можам и јас", додаде Палашоска.