ФОТО: Меси сакал да се тепа со играч на Сити - Тројца го држеле да го одвратат

Еден од најдобрите играчи на фудбалската игра во историјата и верјатно најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси поминува низ чуден период. Малку фалело ѕвездата на Барселона да се степа со играч на Манчестер Сити, по завршување на  дуелот на „Итихад“. Аргентинецот погоди за водство на каталонскиот гигант од 1:0, но „граѓаните“ направија пресврт и на крајот славеа со 3:1.

mesi

По завршување на средбата, еден играч на Манчестер Сити, чие име не се спомнува, решил да испровоцира Меси и го нарекол „глупак“. Тогаш Аргентинецот здивел и буквално сакал да се тепа. Дури се обидел да влезе и во соблекувалната на домаќините, но бил спречен благодарение на неговиот соиграч од репрезентацијата Серхио Агуеро.

Пред десетина дена, Меси имаше и вербална расправија со навивачите на Валенсија кои со шишиња кон играчите на Барселона, на дуелот одигран на „Местаља“.

(ФОТО) Роналдо не доаѓа во Скопје, но јаде тетовски грав: Македонци се мајтапат со фудбалерот на Инстаграм

По личната турнеја која ја има во Кина и не приклучувањето на Реал Мадрид во европскиот пријателски турнир на американско тло, се појавија шепкулации во јавноста, дека сепак Кристиано Роналдо порано ќе го заврши одморот и ќе се приклучи на кралскиот тим за натпреварот од Супер купот против Манчестер Јунајтед во Скопје.

Сепак едно е сигурно, доручекот кој го јаде Кристијано Роналдо не е супа туку е грав, а во продолжение погледнете ги коментарите кои станаа хит на социјалните мрежи.

(ФОТО) Девојката на Стојанче Стоилов се соблече во бикини

Ракометарот Стојанче Стоилов кој ги брани боите на Вардар, веќе подолго време е во врска со струмичанката Катерина. 

Деновиве тие се на одмор, а девојката на Столе ја искористи приликата да се соблече во бикини,а тој јавно да ја покаже на Инстаграм. И двајцата се прекрасни, како од шпанска серија.

ФОТО: Јариќ си најде замена за Лима

Ако некој помисли дека Јариќ тагува поради новата љубов на неговата поранешна сопруга Адриана, сигурно се излажал.

После посетата на Србија и одморот во Црна Гора, тој ужива во Мајами, каде што папараците го фатиле со згодна бринета.

Не е познато за кого се работи, но според изгледот може да се заклучи дека девојката се занимава со манекенство.

Популарно