ФОТО: Младата Евгенија со две први места за моделот на Титаник

Евгенија Дивитарова го освои првото место на регионалниот напревар на „Народна техника“ во моделарство со моделот Титаник. Младата моделарка не застана тука, па го повтори успехот и на државната олимпијада за млади техничари и природници. Талентот и упорноста на Евгенија се очигледни, а веројатно прва тоа во неа го видела нејзината менторка Наташа Лавчанска. Ова е првонаградениот модел:

12966304_985874958156215_560004512_n

12968633_985875038156207_359972223_n

12969397_985874998156211_1559987148_n

12992820_985874931489551_624525846_n

Испратено од Евгенија

Ова се датумите за овогодинешниот ПивоФест

Новото издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули.
 

 

Ова ќе биде јубилејно 15-то издание на Пивофест кој стана заштитен знак на градот и кој секоја година привлекува се поголем и поголем број на посетители од цела Македонија.

Се очекува во наредните денови да бидат објавени пиварниците што ќе учествуваат на фестивалот како и целокупната музичка програма за време на фестивалските денови.

ФОТО: 8 куршуми му го прекинаа патот до дома

Ноќеска околу 2 часот по полноќ во прилепското село Канатларци 24-годишниот Е.И. жител на селото бил застрелан со 8 куршуми, неофицијално дознава Маркукуле.
Според информациите лицето седело пред продавница во селото, при што на враќање кон дома бил зачекан на улица и изрешетен.
Информациите говорат дека лицето им подлегнало на повредите.

Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка

Прв до врв заедно со Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка.

Следниот викенд планирајте го за освојување на Водно, но и продолжена тура до Матка. Турата е рекреативна и е наменета за планинари и велосипедисти.

Патеките за движење на групите планинари и велосипедисти како и останатите детали за турата ќе бидат објавени дополнително.

Турата ја организираат Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar.

За повеќе информации одете на линкот тука.

Популарно