ФОТО: Најжешките тенисерки ги покажаа задниците

Зимата обично не е период кога можеме да видидиме женски секси тела на плажите, но постои исклучок кога во прашање се тенисерките.

Кај нив сезоната започнува од јануари, а завршува во ноември, па затоа зимата е најпогодна за да одат на одмор, каде можат да ги истакнат своите облини.

Како главни туристички дестинации на дамите од "белиот спорт" се секако Малдивите, Сејшели и др., а нивните тела додатно ги разубавуваат песочните плажи и погледот кон морето. Нова мода меѓу тенисерките е уште по пристигнувањето на егзотичните места да ја покажат формата на телото, пред се одличните задници, па на фотофравиите најчесто можат да се видат нивните газиња.

Војислава Вукиќ

Серена Вилијамс

Каролина Вознијацки

Ежени Бушар

Доминика Цибулкова

ЛЕГЕНДАТА ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА - Тоти последен пат ќе го облече дресот на Рома

Тоти има 40 години, целата кариера ја помина во редовите на „Римската волчица“, а од неа ќе се прости против Џенова.

-Невозможно е со зборови да се опише што овие бои значат за мене и што засекогаш ќе значат. Љубовта која ја чувствувам кон клубот не пројде. Тоа е страст, моја страст. Толку е длабока што не можам да престанам да ја хранам. Никогаш. Во понеделник ќе бидам подготвен за нови предизвици, изјави Тоти.

Засега не е познато дали напуштањето на Рома ќе значи и крај на фудбалската кариера.

За првиот тим дебитираше во 1992. година, а во текот на минатите 25 сезони одигра 785 натпревари и постигна 307 голови.

Освои само една Серија А во 2001. година, а по два пати ги освои Купот и Суперкупот на Италија.

ФОТО: Што се случува кога шампионите ќе се сретнат на автопат?

Малиот Македонец Кристијан Воденски е мајстор е за текводно, кик-бокс, бразилско џиу-џицу, борење, но најголем шампион е во љубовта кон својата татковина.

Младиот македонски талентиран борач кој живее во Германија е доста активен на социјалните мрежи. Денеска тој постави фотографија со која запраша: „Погодете кој е тоа?“

Додека патувал на тренинг, младиот македонски шампион бил зачуден од глетката на еден германски автопат, односно камион со ликот на најдобриот македонски автомобилист, шампионот Игор Стефановски- Иџе.

Стефановски е најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки. Популарниот „летечки Македонец“ е двократен европски шампион на ридски патеки.

ТРАНСФЕР БОМБА: Кузмановски од Металург во Магдебург!

Големиот талент на македоснкиот ракомет, капитенот на Металург, Филип Кузмановски, ќе ги следи стапките на неговиот поранешен соиграч Филип Талески, и од сезоната 2018/2019 ќе игра во моментно најсилната ракометна лига во светот – Бундеслигата. Кузмановски треба да ги брани боите на некогашниот германски шампион Магдебург. Играчот на Металург на почетокот на годинава го продолжи договорот со Металург до 2020 година, но нема остане во тимот од Автокоманда до истекот на договорот.

Доколку се договори соодветно обештетување можно е трансферот да биде реализиран и порано од предвиденото, слично како што беше и во случајот на Талески кога Германците платија поголемо обештетување за да може тој половина сезона порано да замине.

Само пред неколку денови стигна и веста дека од Металург исписница добил и Марко Нелоски. Тој уште летово ќе бара нов клуб, иако и за него се шпекулира дека ќе оди на печалба. Иако вложи многу напри да ги собере талентираните млади ракометари, Металург не успева да ги задржи. Во февруари си замина и Талески кој потпиша за Рајн Некар, а клубот реши на позајмица во Еурофарм Работник да ги прати Горан Крстевски и Томислав Јагуриновски.

Левиот бек Кузмановски, кој е актуелен сениорски репрезентативец на Македонија имаше пех со повреда и го пропушти СП во Франција во јануари, но во финишот на сезоната, на клупски и на репрезентативен план игра во одлична форма. За него се заинтересирани неколку клубови, а да го ангажира сакаше и Вардар кој имаше разговори со Кумановски токму во време кога тој го продолжуваше договорот со тимот од Автокоманда.

Магдебург е поранешeн европски првак од сезоната 2001/2002, а последната титула во Бундес Лигата ја освоиво сезоната 2000/2001, додека лани беше победник во германскиот Куп. Во моментов на левата бековска позиција таму играат германскиот репрезентативец Фин Лемке и данскиот интернационалец Михаел Дамгард.

Кузмановски потекнува од школата на битолски Пелистер, a во 2015 година се пресели во Металург и стана сениорски репрезентативец. Тој исто така е член и на младинската репрезентација, со која го очекува настапот на СП во Алжир.

Популарно