Откако прво ја свиреа македонската химна, навивачите на новиот освојувач на Купот, Шкендија вечерва направија пустош на Националната Арена „Филип Втори", откако искршија се што им се најде на пат.
По триумфот на Шкендија со 2-0 во финалето на Купот против Работнички, навивачите од Тетово ја демолираа Арената, па по завршувањето на мечот во око паѓаат искршените столчиња, оштетениот тартан откако со факли ја запалија претходно фрлената хартија, а палеа и пред влезот на стадионот. Штетата која тие ја направија допрва ќе треба да се проценува.
Демолирањето на Арената е само кулминација на дивјачкото однесување на навивачите, кои тргнаа со исвиркување на националната химна, потоа со истакнување на транспарент со Илирида и со огромното количество на пиротехника што ја запалија на мечот, како и со погрдните скандирања за време на финалниот меч.
Сега на потег е Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и дисциплинската комисија која треба да одреди казна за однесувањето на навивачите
Шкендија сигурно ќе добие парична казна од ФФМ за однесувањето на своите навивачи, но уште синоќа беше потегнато и едно друго прашање, дали овој клуб ќе добие дозвола да ги игра европските натпревари ова лето на нашиот најголем стадион во Скопје, кој во моментов е единствен лиценциран од УЕФА во државата.
ФОТО: sportmedia.mk