Согласно законот за употреба на македонскиот јазик Во Р.Македонија!
Член 5
Македонскиот јазик, покрај употребата во органите на државната власт, во органите на
единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, се употребува и во:
- трговските друштва, претпријатијата, установите и другите правни лица
регистрирани во Републиката;
- називите, рекламите и плакатите на правните лица;
- називите и упатствата на производите, лекарствата, етикетите, фактурите и слично;
- сметките, потврдите и други информации на амбалажата на производите,
лекарствата и слично;
- обележувањето на јавните места;
- натписите во средствата за јавен превоз и во јавните објекти;
- титлувањето, односно синхронизирањето на филмовите и емисиите на странски јазик
што се прикажуваат јавно;
- титлувањето, односно синхронизирањето снимки на македонски јазик што не е во
согласност со член 1 став 2 на овој закон, а што одложно се емитуваат;
- меѓународните договори и другите меѓународни акти што ги склучува Републиката и
- други слични случаи.
Исклучоци од став 1 на овој член се утврдуваат со закон
Испратено од Мартин Стефанов