ФОТО: Ние не сме FYROM ние сме МАКЕДОНИЈА - секоја чест за ова македонско девојче!

На српскиот интернационален младински турнир во бадминтон девојчево ја покри кратенката FYROM, бидејќи не сакаше да се гледа ништо друго освен нашето име МАКЕДОНИЈА! Секако ,девојчето веднаш стана вистински хит и доби безброј лајкови кои ги заслужи!

devojce1

Најава за силен земјотрес во Македонија ?!

 Првична изјава за јачина од 3,7 степени, но подоцна од Сеизмолошката опсерваторија објавија дека бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е шестиот по ред земјотрес во последните два дена.

Според Михаил Гаревски, првиот човек на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија(ИЗИИС) не може да се знае што понатаму ќе следи, дали ќе се смири земјиното тло или пак ќе има уште неколку нови потреси.

“Слушнав дека имало потреси во Охрид. И ова е најсилен  потрес до сега во овој регион. Но, јас не сум во земјава, потенцирам, не сум тука за да можам да видам што се случува и да кажам што би можеле да очекуваме. Ова е сигурно сега е некоја релаксација на земјиното тло. Според мене може да следат еден, два помали земјотреси, па да се смири тлото, но може да има и еден поголем“, објаснува Гаревски.

Епицентарот на последниот земјотрес беше на 5 километри северо-западно од Ресен на длабочина од 10 километри.

Во 1 часот и 2 минути по полноќ беше почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од 3,3 степени според Европската Макросеизмичка Скала, по кој следуваа уште два со јачина од 2,4 и 2,7 степени.

(ВИДЕО) Шефицата за надворешна политика на Бугарија: Кирилицата, Кирил и Методиј се бугарски

Шефицата на бугарската дипломатија , Захариева во интервјуто вели и дека со Македонија имале заедничка историја.

Екатерина Захариева за бугарската национална телевизија БТВ вели дека кирилицата, Кирил и Методиј биле бугарски.

Министерката, сепак покрај заедничката историја на Македонија и Бугарија, вели дека Кирил и Методиј се Бугари, и дека кирилицата и припаѓа на Бугарија.

Нов земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес со јачина од 2.8 степени според Рихтеровата скала утринава во 1 часот и 2 минути е почувствуван во Охруд, Струга и Ресен.

Земјотресот потекнува од охридско-епицентрално подрачје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математички факултет во Скопје.

Популарно