Светски познатата пејачка Никол Шерцингер која му е девојка на бугарскиот успешен тенисер Григор Димитров, позира во заедничка рамка со мајката на спортската ѕвезда, Марија. Таа е во посета на родното место на Димитров, Софија.
Двете позираа во градски ресторан, а според нивните насмевки се гледа дека се разбираат добро.
Марија и Никол ручаа во локалот на поранешниот ТВ презентер и пејач – Лео Бјанка. Самиот Григор исто тка јадеше од италијанските пици и специјалитети.
Никол е во Бугарија, за да го поддржи Григор на турнирот Sofia Open кој се отвори денеска во салата Арена Армеец. Григор ќе стартува во вториот круг на 9 февруари.