(ФОТО) НИВНАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА Е БАЈКА: Која е идната сопруга на Меси

Фудбалерот и таа се познаваат уште како деца. Поточно тие се запознале во нивното родно место Росарио, кога таа имала пет, а тој само шест години.

Романтична приказна се крие зад љубовта помеѓу Лајонел Меси и неговата долгогодишна девојка Антонела. Откако во јавноста протече веста дека тој ќе се жени, почнаа да се шират различни вести и новости околу нивната љубовна врска. Која е всушност таа?

Освен што знаеме дека е преубава девојка, Антонела Рокузо му е веќе осум години девојка на Меси. Зад нивната љубовна приказна се крие вистинска бајка. Фудбалерот и таа се познаваат уште како деца. Поточно тие се запознале во нивното родно место Росарио, кога таа имала пет, а тој само шест години.

@bellavistabcn 🍴🍹 😍

A photo posted by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

Официјално врската ја започнале во 2008 година.

Антонела инаку е роднина на пријател на Меси, родена е на 26 февруари 1988 година и студира нутриционизам. Од едно долгогодишно пријателство на крајот се родила љубов.

🔙

A photo posted by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

Римскиот принц не заборава и не простува: Тоти го честеше тимот вечера, Спалети остана дома

Франческо Тоти соопшти дека во недела против Џенова дефинитивно ќе го одигра својот последен натпревар за Рома, па во знак на благодарност го изведе целиот тим на „Римската волчица“ на вечера. Поточно, не баш сите, бидејќи тренерот Лучано Спалети не доби покана и си остана дома.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерите на Рома уживале во познатиот ресторан La Pergola, а на крајот од вечерта следеше и заедничка фотографија која Тоти ја објави на својот Твитер профил.

Принцот од Рим и Спалети веќе подолго време не се во добри односи, па искусниот фудбалски стручњак на долгогодишниот капитен на Рома му даваше шанса на терен само „на мали лажички“, а Тоти често влегуваше во игра во судиските надополнувања.

Останува да се види дали Франческо ќе одлучи да ја заврши играчката кариера во Рома или како 41-годишен фудбалер ќе облече дрес од некој друг клуб.

(ФОТО) Затоа е повеќе од клуб - Барса на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК го испрати Лазаров!

Кире Лазаров попладнево го одигра последниот натпревар во „Палау Блауграна“ во дресот на Барселона. Пред натпреварот против Хуеска на двајцата ракометари кои заминуваат на крајот од сезоната, Барса ги награди со подароци, а на подарокот на нашиот капитен на македонски јазик пишуваше: БЛАГОДАРАМ МНОГУ, КИРИЛ...

Овие четири години во кариерата на Лазаров секогаш ќе му останат во сеќавање, со оглед на тоа што ја исполни дамнешната желба да игра за клубот за кој навива од детството.

ТРАНСПАРЕНТ НА ГОДИНАТА: Златан, остани и жена ми ќе биде твоја

Навивачите на Манчестер јунајтед беа пресреќни после победата над Ајакс во финалето од Лигата на Европа, а некои од нив беа толку расположени што поставија и одредени транспаренти.

Еден од нив беше директно наменет до Златан Ибрахимовиќ, кој уште не знае дали ќе остане и следната сезона во редовите на „ѓаволите“. Како што стојат работите, во моментов е неизвесно што ќе се случува со Ибра, а тој поткривнуваше за време на прославата на триумфот.

Сепак, откако го забележа транспарентот кој беше директно наменет за него и имаше интересна содржина: „Златан, остани во Манчестер и жена ми ќе биде твоја“, дојде во близина и им позираше на фоторепортерите.

Популарно