ФОТО: Одлично место за вашата предновогодишна забава!!!

Новата година е навистина блиску, што значи дека почнува периодот на предновогодишни прослави со вашите пријатели, колеги и најблиски. Место за прослава кое сигурно треба да го земете во предвид е кафе „Спортски центар “ – Аеродром. За сите заинтересирани компании и групи, кои сакаат да организираат предновогодишни прослави во кафе „Спортски центар “ – Аеродром можат да резервирате на телефон ‎075 44 20 44. Цената на аранжманот е 400 денари шведска маса без пиење. Пиењето е по желба.

Бесплатно такси за пијани скопјани

Град Скопје, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Авто-мото сојузот на Македонија и 30 ресторани во Скопје почнуваат кампања „Ги возиме одговорните“ со која ќе ги мотивираат возачите да не возат пијани. Гостите во кафаните со нарачување на такси на онлајн апликацијата ќе добијат ваучери од 100 денари. Парите за ваучерите кои ќе ги добиваат пијаните гости ќе ги обезбедат кафаните кои се вклучени во овој проект.

„Загрижуваат бројките на пијани возачи во Скопје. Пред некој викенд дури 500 возачи беа фатени како возат под дејство на алкохол. Со вакви бројки не е воопшто чудно што сме на дното на листите за безбедност на улиците во европски рамки. Целта на оваа кампања е да ја зголемиме свеста кај граѓаните да возат одговорно, да избегнуваат да возат под дејство на алкохол како не би со загрозиле ниту својот ниту животот на другите учесници во сообраќајот. Граѓаните на Скопје мора да заборават на своите автомобили кога консумираат алкохол. Јавниот превоз работи до доцна во ноќта, такси цените се релативно евтини во споредба со други градови, а сега нудиме и можност за бесплатно такси“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Портпарол во АМСМ Росана Јанков рече дека Македонија со оваа и голем број наредни кампањи земјава се вклучува во глобалната кампања за безбедно возење и намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи.

„На глобално ниво 3.500 луѓе дневно умираат од сообраќајни несреќи. Ги повикуваме граѓаните да ја користат оваа можност и се надевам дека поголем број угостители ќе се вклучат во кампањата“, рече Јанков.

ФОТО: Твитер Vs Град Скопје

Веројатно најсподелуваната фотографија на Твитер последниве два дена, е оваа од центарот на главниот град.

Следи фотографијата на која се гледа како градот ги решава сопствените пропусти:

А има и по некоја идеја:

Секако и по некоја поплака

Популарно