ФОТО: Охриѓанец го фати крстот во центарот на Скопје

Охриѓанецот Бобан Павловски го фати положениот крст во водите на Вардар, по повод големиот христијански празник Богојавленије Водици.

Голем број на верници, денеска учествуваа во чинот на положување на светиот крст во водите на Вардар во Скопје.

Павловски на сите им посака среќа и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби икона, златник и други подароци.

На чинот на положувањето на крстот во Вардар присуствуваа премиерот Емил Димитриев и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Пред големиот број граѓани г.г. Стефан порача дека верските празници треба да не потсетат како живееме и како постапуваме кон себе и кон другите, да ги измијат сите лоши мисли и да донесат духовно освежување за да можеме да создаваме дела достојни на нашето човечко и христијанско постоење.

– Не е доволно да бидеме само крстени, да ја примиме светата тајна, туку е потребно да живееме според законите и заповедите на верата, да создаваме дела достојни на името што го носиме, а тоа пред се подразбира нашиот живот да го красат човекољубието и богољубието зашто не можеме да го сакаме Бога, а да ги мразиме луѓето. Како христијански народ, посебно оваа наша генерација, да се прашаме дали ја исполнуваме најсветата обврска и пред родот и пред Бога, дали во нашите постапки го има потребното човекољубие и родољубие и колку нашите меѓусебни односи го потврдуваат нашето богољубие, истакна г.г. Стефан.

За фаќање на крстот во Скопје беа пријавени над 100 граѓани, а кум на манифестацијата беше Димитриј Јовановиќ, сопственик на ресторанот „Стара куќа“.

Богојавление – Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Даштевски: Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности

Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности на сите избирачки места, а започнато е на сите избирачки места, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски

-Пристигнати се податоци за излезност на гласачите од 832 избирачки места од вкупно запишани 402.748 гласачи. На овие избирачки места гласале 15.487 односно 3,85 отсто од гласачите, нагласи Даштевски.

До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка. На неколку места биле пријавени технички проблеми, за кои претседателот на ДИК објасни дека се решаваат во од.

Гласањето се одвива на 1480 гласачки места во 80 општини, а право на глас имаат 1.814.317 граѓани.

Ова се трите хороскопски знаци кои имат силна интуиција

Интуицијата е нешто што многумина од нас го чувствуваат, но не можат да го разберат. Сите ја имаме оваа моќ, но само малкумина можат да го разберат тоа „знаење“.

Многу често ја игнорираме нашата интуиција и се сомневаме во неа. Може да се случи и да мислиме дека чувствуваме интуиција, а всушност да станува збор за нешто друго.

Можеби е тешко да ја идентификуваме нашата интуиција, но хороскопските знаци имаат решение за ова.

Нашиот хороскопски знак има неколку индикатори кои ја дефинираат интуицијата. Ова најчесто е поради поврзаноста помеѓу Плутон, 12-тото поле и Нептун.

Моќта на интуицијата, ако правилно ја користиме, може да ни помогне да ги донесеме правилните одлуки, но потребен е разбуден ум за да стигнеме до неа.

Овие хороскопски знаци имаат најдобра интуиција:

Риби

За духовните Риби секогаш важи размислувањето: „Чувствувам, значи постојам“. Интуитивните Риби можат да ги предвидат работите во нивните соништа. Исто така можат да го пронајдат вистинското значење на некои настани кои другите ги игнорираат. Внатрешниот мир им е од голема важност на Рибите и ако не го пронајдат може да почнат да прават штета. Но ако Рибите успеат да го задржат својот фокус, можат да доживеат вистинско просветлување. Што и да прават, тие се водени од својата интуиција.

Скорпија

Скорпиите можат да погледнат низ секого. Лесно можат да сфатат што мислат другите за нив. Тие длабоко ги искусуваат сите работи и знаат што ќе се случи. Но, нивната љубов кон опасноста ги тера да ја игнорираат интуицијата и да преземаат ризици, особено кога станува збор за романтични врски.

Стрелец

Стрелците имаат сè што ѝ е потребно на една личност да биде интуитивна. Но, за да ја применат оваа интуиција, Стрелците треба да се концентрираат на нивната внатрешност и да бидат духовни. Треба да работат на нивниот потенцијал, а ако го направат ова правилно, ќе се спасат од непријатни ситуации. Стрелците можат да ги идентификуваат добрите и лошите ситуации, но луѓето со овој знак многу често го игнорираат ова. Потребен им е внатрешен мир за да го интерпретираат светот.

Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.

Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.

„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.

Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.

Популарно