Освен најпопуларните Анастасија и Вељко, од бракот со Цеца, Аркан има уште неколку деца.
Четиритедеца кои Аркан ги има од бракот со Наталија, не го носат неговото презиме, тоа се Војин кој е во војна со Цеца, Никола, Милена и Маша. Се презиваат Мартиновиќ, а најстар е токму Војин. Со братот близнак студираа глума во Америка, а пред неколку месеци Војин доби и ќерка. Неговата сестра Маша се вработи во Њујорк по студиите.
Милена заврши филмска режија во Калифорнија, а моментално живее во Њу Орлеанс.
Братот на Војин со години не живее во Србија, а во минатото се појави во спотот на Цеца за “Неваљала”.
Михајло е најстариот син на Аркан, а му го роди Агнета од Гетеборг. Со актерката Лилјана тој ја има ќерката Ангела, која сега има 36 години и неодамна објави збирка песни.
Ќерката Софија е дете од социјалната работничка која се грижела во затворот за Аркан. Таа не се појавуваше во медиумите до викендов кога отиде на помен на гробот на татка си.
Вељко и Анастасија ги доби од бракот со Цеца.