ФОТО: Планинска убавина на само еден час од Скопје

Китка — планина во Македонија, која се наоѓа југоисточно од градот Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка.

На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница. Највисок врв е врвот Лисец со 1.588 метри надморска височина, а на билото се истакнува и врвот Красна со 1.565 метри надморска височина и препознатливи карпести облици.

Билото на планината Кита претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија, поради што е многу раширена дивата сеча на дрва која немилосрдно ја пустоши шумата.

На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која оди кон Солунска Глава, а постојат и возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала Река“. На нејзината северозападна падина е расположена областа Торбешија.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно