ФОТО: Првиот бремен маж во Велика Британија

Хајден Крос од Британија веќе три години живее како маж, но бил роден како девојче.

Тој пред да оди на операција за промена на полот се решил да има дете.

Донорот за сперма го нашол на интернет. Најпрво поднел барање до Национална здравствена служба за да дознае дали неговите јајце-клетки можат да се замрзнат пред да се подложи на операцијата на целосна промена на полот, но неговото барање било одбиено.

„Да се носи дете во утробата е нешто што се поврзува со жените и е во спротивност со чувствата во моето тело. Сакав дете сега за да можам да го променам полот пред да остарам. Ќе го воспитувам детето во опкружување во кое транссексуалноста не е ништо необично па верувам дека тоа нема да биде проблем“ - изјавил Хајден.

Веднаш по породувањето, хируршки ќе му бидат отстранети дојките и јајчниците.

И Лепа Брена призна дека била кај Баба Ванѓа- откри што ѝ кажала

Денес е најголема балканска ѕвезда, а ваква иднина и судбина ѝ предвиде и Баба Ванѓа.

Лепа Брена своевремено ја посетила баба Ванѓа, кај која одеа бројни јавни личности кои сето тоа го држеа во тајност.

“Ќе се омажиш за човек во бело. Ќе живееш во складен брак, но само ако не избереш сопруг странец”. Прво што ми падна на памет дека тоа ќе биде доктор, бидејќи мојот татако беше медицински работник, па тоа некако ми дојде прво што ми падна на памет. Бело одело, бела униформа”, рекла Брена.

-Не бев многу одушевена, бидејќи неможев да замислам да патувам по светот, а тој да работи во некоја болница. Подоцна сватив дека бел спорт е тенисот, има бела униформа. Мислев дека ќе налетам на некој доктор, аптекар или можеби фурнаџија, а се појави тенисер во бел комплет. Кога го сретнав Бобо, ми се бендиса неговата спонтаност и искрејност”, вели Лепа Брена.

(ВИДЕО) Автомобил се заби во куќа и таа експлодираше

Пет лица се повредени кога автомобил изгубил контрола и удрил во куќа во Форт Ворт во Тексас, која потоа експлодирала.

Локалната полиција објави снимка од моментот на експлозијата, до која дошло поради тоа што автомобилот удрил во цевка со гас.

Три лица во куќата се повредени, една од нив е критично, но се очекува брзо да се опорави.

Возачот е уапсен и обвинет за непоседување на возачка дозвола.

(ФОТО+ВИДЕО) Таа ќе ја запали сцената на Евровизија: Згодната Елени ги освои сите

Елени Фуреира е музичар повеќе од една деценија, но светот ја „открива“ токму оваа година, благодарение на учеството на Евровизија.

Има мешано потекло од Грција и Албанија, а од 2007-ма година се бави со актерство, пеење, танцување и мода.

Згодната Елени е активна и на Инстаграм, а благодарение на тоа како изгледа веќе е миленичка на машката публика.

Во Лисабон ќе се претстави со Fuego:

Претходно има еден незаборавен настап на Mad VMA наградите во 2014-та, кога беше дел од изведбата на тогашниот хит Tranquila на J Balvin.

Критичарите ја прогласија за најзгодната натпреварувачка на Евровизија. Дали се во право, проценете од фотографиите во продолжение:

Популарно