ФОТО: Се е спремно вечерва да го гори во центарот на Скопје

За прв пат во Европа, вечерва во Скопје ќе биде поставено најдоброто озвучување во Скопје и тоа на концертот Skopje Calling на Арената Филип Втори. Над 10 000 луѓе од странство, ласери од Чешка ќе бидат дополнение за вечерашниот настап на светските  Ди Џеи Робин Шулц и Дејвид Гета. И да врне и да вее Скопје вечерва ќе гори и тоа од одличен звук.

13319840_10154301972324189_7817187866930535066_n

13319879_10154301971919189_8464601050761248763_n

13319928_10154301972519189_1832721742866728656_n

13322000_10154301971984189_2920710508124024190_n

13325633_10154301972444189_1034383055714187398_n

13327426_10154301975729189_3531682101253429397_n
Испратено од Жарко

Д-Р Митов: „Нашите генерации им го згорчија зборот држава на младите“

Животни приоритети и принципи е темата во новото издание на „Нешто конкретно“. Нашите гости зборуваат за тоа како ненормалното стана нормално и како кршењето на правилата стана правило.

 Проф. Д-Р Аце Миленковски, Д-Р Александар Митов, Дина Јашари и Сања Ристиќ на едно место и со многу слични но и различни приоритети. На почетокот на емисијата зборувајќи за почитта, како ја стекнал, каде, со кого и кон кого, ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски ги испочитува гостите и водителката Снеже Велков со подароци кој им ги подели во студиото. За него најголем приоритет во животот е верата. „Се родивме овде во Македонија нашата вера ја определија бабите, дедовците, нашите родители и таа е преубава вера на која што ние и припаѓаме овдека во оваа држава, без верба во Бога ништо не правиме” рече тој и ја издвои пораката на Трамп дека никој не смее да се смета како најважен и најголем освен Бог.

Сања Ристиќ најголем приоритет си е самата себе, како мајка на две деца таа смета дека децата можат да бидат среќни и здрави и здраво да се развиваат само ако имаат среќна и здрава мајка. Таа истакна дека тој приоритет не значи оти треба да се грижи за својот физички изглед односно да си посетува масажи и фризери, туку работа на сама себе да живее во мир и спокој на душата, бидејќи само така може да делува и да биде добра мајка, добра партнерка и добра во кариерата.

 Д-Р Митов зборуваше за тоа како на младите во Македонија зборот држава им е згорчен. „Ние нашите генерации им го згорчивме зборот држава на младите, ги потсеќа на корупција, криминал и разно разни глупости и кога ќе им се каже зборот држава ги потсеќа на лошо“. Негов најголем приоритет во животот е секако семејството, но меѓу другите приоритети ја издвои својата градина каде вели дека собира енергија за сите останати обврски во текот на денот, единствено му е жал што нема повеќе време да им посвети на пријателите.

Дина Јашари се пожали од условите во државните факултети, студентските домови и потсети на тоа дека за разлика од нас во Љубљана постои бесплатно студирање и условите не се споредуваат. Но и покрај се оваа млада пејачка стои на тоа дека не сака да се отсели од Македонија за евентуална подобра иднина како што тоа го прават нејзините врсници. Разликата во возраста на нашите гости фантастично ги прикажа приоритетите на секоја една генерација кои секако со годините се менуваат.

Гледајте ја емисијата на нашиот канал на YouTube, а новата веќе следната недела од 17.00 часот на Телма.

НЕ ЗАПИРА ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ЗА ЛЕОНИД - DNK ја лицитира Златната бубамара, сумата достигна 150 илјади евра

Владимир Блажев од ДНК преку фејсбук информира дека утре во 22 часот завршува лицитацијата на нивната награда Златна бубамара, за хуманитарната помош за лекување на Леонид Индов, чија сума досега достигнала 150.000 илјади евра. 

Еден од лицитаторите исплатил 90 илјади евра.

„Другари ЛЕО видно расположен ви испраќа голем поздрав од Виена и ви се заблагодарува на сите вам за безрезервната поддршка која му ја давате изминатиов период, а посебно последнава недела.Да ве потсетам дека лицитацијата на Златната бубамара завршува утре во 22ч, а највисоката понуда до сега изнесува 150.000 денари. Начинот на лицитирањето ви е веќе познат. Ја пишувате сумата во коментар на мојот инстаграм (djshortypofficia) пост или на DNK фан страната на ФБ“, пишува Владимир Блажев.

Популарно