ФОТО: Селфи на сопругата на Тони Михајловски - во позадина...

Новата 2017 година започна прекрасно за актерот Тони Михајловски и неговата сопруга Александра.

Периодов во медиумскиот фокус е свршувачката на постариот син на Тони, актерот Александар со убавата Ангела Мицкоска од Прилеп.

Покрај ваквите убави мигови Тони среќен го прави и прекрасната атмосфера во неговиот новогодишно накитен дом. Неговата сопруга Александра се потруди елката да изгледа совршено и на неа стави низа украси. Сепак највпечатлив детаљ е што до елката има стапалки од Дедо Мраз.

Александра направи и селфи веднаш по капење без грам шминка на себе и уште еднаш докажа дека е природна убавица. Сигурни сме дека парот ужива во оваа атмосфера во овој празничен период.

Катарина Ивановска со првото интервју за мајчинството

По пордувањето од пред неполн месец кКатарина Ивановска го даде првото интервју за новата улога која ја има во својот живот, а тоа е како да се биде мајка.
Вања е многу мал и уште нема полн месец, така што освен цицање и спиење не прави ништо друго. Ако ги отвори очите понекогаш на наше големо задоволство, ни ја дава шансата малку да уживаме во неговиот поглед. Едвај чекам да потпорасне, да почне да се интересира за светот што го опкружува, вели најпознатиот македонски модел Катарина Ивановска во интервју за „Мајка и дете“.

Убавата Кики се породи пред неполн месец. Сега е во Охрид и ужива во мајчинството, а нејзиниот Вања, раскажува таа, е навистина мирно бебенце. Се породила спонтано, со епидурална анестезија и вели дека тоа било преубаво искуство кое сека да и се повтори барем уште еднаш
 

ФОТО: Дамјан Стојановски рипна во тавче

За разлика од својот брат близнак Војдан Стојановски кој се уште е на листата ергени , изминатиот викенд официјално заплови во брачните води македонскиот кошаркар Дамјан Стојановски со хористката Емилија Палашева, која ја побара за жена мината година во Јули.

На свадбената веселба, која се случи во еден скопски ресторан се собраа од спортисти до уметници, a меѓу присутните се најдоа и пејачките Маја Гроздановска-Панчева и Елена Петреска, кои наедно се колешки на невестата од МОБ.
 


Убавата Емилија блесна на својот голем ден во тесна венчаница во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, додека младоженецот се одлучи за елегантен црн костум.
 

Се разбира кулминацијата во забавата ја придонеле неколкуте трубачи кои присутните не пропуштија да ги фотографираат и да ги објават на социјалните мрежи.

ФОТО: Сопругата на Синиша Михајловиќ позгодна од кога и да е

Во Сардинија на заслужен одмор со своето семејство по напорната сезона во серија А, Синиша Михајловиќ конечно ужива.

Во друштво е со неговата убава сопруга, Аријана Рапачиони, која со 44 години изгледа совршено, па можат да и позавидат и многу помлади девојки.

Аријана на својот Инстаграм објави и неколку фотки, каде може да се види дека и покрај тоа што на Михајловиќ му роди 5 деца, сепак има совршена фигура во петата деценија.
 

Популарно