ФОТО: Со џип се качи на дрво во Кичево

Објавено на 24 ноември 2016, 14:44

СПОДЕЛИ:

Сообраќајна несреќа во која за среќа причинета е само материјална штета се случила рано утрово околу 4:50 часот во Кичево.

soob-kicevo-640x592
Од полицијата велат дека 24-годишниот Ф.Г. од Албанија управувајќи „Ланд Ровер“ во кој имало уште двајца сопатници, изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и излетал од коловозот.

Автомобилот удрил во дрво кое се наоѓало на пешачката патека на булеварот „Ослободување“, кај кружниот тек.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

СПОДЕЛИ: