Фото: Татко на годината - погледнете што научил да прави за својата ќеркичка

Еден самохран татко од Колорадо, САД, сосема заслужено се вклучува во трката за “татко на годината”. Грег Викхирст од Колорадо добил старателство над својата тригодишна ќеркичка Изи, откако се разделил од нејзината мајка и оттогаш тој е задолжен за целокупната грижа за нивното дете.

f61-654x489

Не сомневајќи се во себе и во својот успех како самохран татко, Грег се соочил само со еден проблем – како да ја среди косата на својата ќерка, па затоа и одлучил да побара стручна помош во, верувале или не, салон за убавина. По разговорот со вработените во салонот, Грег одлучил да ги поминува своите паузи за ручек токму во фризерскиот оддел, каде што научил како се прават основните и наједноставните фризури, објавува интернет порталот ”BuzzFeed”.

f1-654x329

“Неколку часа ми покажуваа како да направам пунџа, плетенка и друг вид на фризури. Бев навистина изненаден колку е тоа лесно. Мислев дека станува збор за нешто комплицирано, но се уверив дека е сосема едноставно”, изјавил грижливиот татко, кој веќе го освои светот.

f2-654x328

Се прашувате кој е резултатот од неговите тренинзи?! Грег, покрај тоа што ги научил основите за правење на наједноставните фризури, тој може да се прогласи и за своевиден стилист. Грижливиот татко веќе е интернет сензација и на социјалните мрежи, каде што објавува фотографии од своите дела, а поголем дел од нив се и негови лични креации.

f5-654x489

Самохраниот татко сега дури и признава дека средувањето на косата на неговата ќерка е и најубавиот дел од неговиот ден: “Омилениот дел од денот ми е кога ќе ја разбудам, а таа уште поспана, го турка своето лице во мојот врат, прашувајќи ме што сум смислил за нејзината коса за новиот ден. Таа љубов, тоа чувство на доверба е најголемата награда што можам да ја добијам”.

f4-654x545

f-650x396

ФОТО: Момче со рак во терминална фаза го теши својот брат

Фотографијата од 15-годишно момче со рак во терминална фаза како го теши својот расплакан брат стана вирална.

Во 2019. година, на тинејџерот Иан му бил дијагностициран остеосарком. По операцијата и неколкумесечната хемотерапија, дознале дека е излечен. Но, во ноември 2021. година, болеста се вратила и се проширила низ телото. На Јан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека ќе умре.

Кога Јан ја споделил страшната вест со својот помлад брат Питер, тој се расплакал и липал. Иан силно го прегрнал, да го утеши и му се извинил што не можел да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент меѓу двајцата браќа на Фејсбук ја објави Бенџамин Елиот од Орегон.

„Иан реши сам да им каже на своите пријатели и помалиот брат дека ракот неизбежно ќе го убие. Мислам дека оваа фотографија го покажува доброто за кое Иан сакаше и се веруваше дека ќе биде споделено. Дури и со катастрофални прогнози, Јан е тој што ги теши другите. Вистината е дека тој одбива да живее за себе. Избра да живее за другите до моментот кога ќе го земе последниот здив“, напишал Елиот.

Стотици ја коментирале фотографијата и признале дека сцената ги скршила.

„Мразам рак“, „Срцето ми е скршено“, „Неверојатен пример за љубов и понизност. Моите молитви се со ова момче и неговото семејство“, напишале некои.

Рецепт за денешен ручек

Рибина чорба

Одберете некое поголемо парче риба или две помали. Ако има во неа икра уште поубаво, ќе ја ставите и неа во чорбата. Рибата исчистете ја, пресечете ја на половина и ставете ја во тенџере со вода на оган, само да ја фати еден клуч, да можете да ја исчистите.

Потоа внимателно исчистете ја од коските. Tаму каде можете, на пр. од долниот дел оставајте поголеми парчиња, не ја ситнете многу. Тргнете го месото настрана. Кромидот изрендајте го и ставете го во тенџерето каде ќе ја варите чорбата.

Таму ставете го и другиот зеленчук. Јас секој од нив го сечкам различно, морковот на тркалца, целерот на ситни коцкички, пашканатот на подолги лентички, лукчето ситно исечкано. Сето ова со малку масло ставете го да се запржи. Потоа турете вода, компирот на најситно изрендајте го и ставете го и него, ставете ја рибата, зачинете и варете се додека не се свари зеленчукот. На крајот прелијте ја чорбата со малку црвена запршка, (ако не ви е доволно густа може и малку брашно да ставите во запршката) и исечкајте го магдоносот. Уживајте, ова ми е една од омилените чорби, особено во зимско време. 

Рецепт за денешен ручек

 Ручек со зелка.

СОСТОЈКИ:

1 главица кромид

1 праз

1 морков

2 чешни лук

1 кг. свежа зелка

1 коцка супа

1 лажиче оригано

2 лажици маслиново масло

1 л. доматно пире

2 л. вода

сол

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.

Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.

Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.

Се ставаат доматното пире и водата.

Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

Популарно