ФОТО: Триумфалната порта во Париз обоена во боите на Македонија

Пред почетокот на машкото Светско ракометно првенство кое ќе се одржи во Франција, организаторот на уникатен начин го започна последното одбројување.

Триумфалната порта во Париз е во знакот на Мундијалот со оглед на тоа што е обоена со боите на сите 24 ракометни нации кои наизменично се менуваат.

Меѓу нив секако се и националните бои на Македонија, жолтата и црвената.

Пејачка почина на сцена

Француската пејачка Барбара Велденс колабирала и починала на сцена додека настапувала на фестивал, јавуваат западните медиуми.

Засега не е позната причината за нејзината смрт, но според еден од извештаитe, најверојатно добила струјен удар.

35-годишната Велденс оваа година го направи својот прв албум, а за него доби награда за млад талент.

Полицијата почна истрага за причината за смртта, и засега одбива да шпекулира.

Велденс настапувала заедно со пијанист и гитарист настапот бил дел од нејзината турнеја. Таа стана пејачка откако претходно пораснала во циркус.

ВИДЕО: Скопски пензионер јаде манџа во 57ца и мака нема

Пензионерот се качил на  горниот кат од 57-цата и мирно си јаде додека се вози кон Тафталиџе. 

Видето кое е постирано на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам предизвика бурни реакции кај корисниците и интересни коментари, пред се околу злоупотребата на бесплатното возење со градски автобус од страна на пензионерите во Скопје.

ФОТО: Нема да ја препознаете - Шехерезад драстично го промени изгледот

Прекрасната турска актерка  Бергузар Корел која најмногу ја паметиме по улогата на Шехерезад во хит серијата “1001 ноќ”, повеќе не изгледа онака како што сеќаваме на неа. 

Убавата Турчинка, повеќе не е онаа прекрасна елегатна дама која сите навикнавме да ја гледаме во серијата.

Таа одлучила да го промени својот имиџ, па затоа нејзината прекрасно негувана црна коса ја заменила со долги плетенки во хипи стил.

Популарно