(ВИДЕО) Модриќ ја „смири“ топката како Роналдињо, Марсело го награди со аплауз

Актуелниот шпански шампион, Реал Мадрид се подготвува за утрешното гостување во Ла Коруња, натпревар со кој ќе ја започне одбраната на титулата од минатата година.

На денешниот тренинг, Зинедин Зидан не можеше да смета на Кристијано Роналдо, но сите останати фудбалери му беа на располагање. Португалецот ќе ги пропушти првите четири кола од Примера поради казната добиена за време на шпанскиот Суперкуп.

„Кралевите“ добро се забавуваа на тренинг центарот во Мадрид, а шоуто накратко го украде Лука Модриќ, кој во стилот на Роналдињо ја „смири“ топката и предизвика одушевување кај соиграчите.

КОНТРОЛАТА НА РОНАЛДИЊО:

КОНТРОЛАТА НА МОДРИЌ:

Oбложувач од Србија загуби 6.500 евра на Вардар-Фенербахче

Победата на Вардар од 2:0 над Фенербахче го чинеше еден обложувач од Србија приближно околу 6.500 евра, бидејќи уплатил само 50 динари на девет натпревари сите од Лигата на Европа, ги погодил сите освен дуелот во Скопје помеѓу Вардар и Фенербахче, кој го играл со тип ГГ и 3+.

Фиорентина со денешниот потег навести дека Калиниќ си заминува

Напаѓачот на Фиорентина Никола Калиниќ е решен да му се приклучи на Милан летово и не тренира со остатокот од тимот последниве два дена, а изгледа дека и клубот се откажа од обидите да го задржи во своите редови.

„Виолетовите“ денеска ги објавија бројките на дресовите за новата сезона и „деветката“ на Калиниќ ја доби засилувањето Џовани Симеоне. Хрватскиот репрезентативец го доби бројот 99, но фактот што ја изгуби „деветката“ е индикација дека ќе го напушти клубот во блиска иднина.

Популарно