ФОТО+ВИДЕО: Автобус удри во куќата на Цеца

Како и кај нас, снегот и замрзнатите улици направија хаос и во Србија.

Автобус полн со патници удри во куќата на балканската ѕвезда Цеца. Автобусот се лизнал и директно удрил во куќата.

Направена е голема материјална штета.

Еден од столбовите на вилата на Дедиње е целосно оштетен а исто така е оштетен и автобусот.

Двајца од патниците биле со лесни повреди, а семејството Ражнатовиќ иако видно вознемирено притрчало на помош.

Огромна трагедија во домот на Јоце Панов

Македонскиот пејач Јоце Панов ги доживува веројатно најтешките мигови од животот, кој сакаше уште од 11 години овој млад штипјанец да остане без својот татко Димитар. Растејќи само со неговата мајка, која ќе му биде се’ во животот тој бескрајно се поврзал со неа. За жал, Јоце вчеравечер остана без својата ѕвезда водилка во животот, без неговата мајка Василка, која ненадејно почина.

Скршен од болка, со насолзени очи и срце полно со тага Јоце на својот Фејсбук профил со потресен и мошне емотивен статус се прости од својата мајка, користејќи ги социјалните мрежи како најбрз начин да ги информира сите оние кои ја познаваа.

Еве го неговиот пост на Фејсбук:

ФОТО: Вака изгледа синот на Аца Лукас од првиот брак!

Српскиот пејач од бракот со својата прва сопруга Светлана има две деца, синот Лазар и ќерката Милјана.

Синот на Лукас не сака премногу да се експонира во јавноста.

Лазар Вуксановиќ има 22 години, а досега го имаме видено во два спота на татка си. Тој израсна во вистински фраер и еве како изгледа денес!

Како Жељко и направи близнаци на Јована

Генетиката на Жељко Јоксимовиќ е одговорна за тоа што неговата сопруга Јована носи близнаци, дознава српски Курир. Имено, мајката на пејачот Весна исто така има брат близнак, што според научните истражувања, најчесто е наследно и се пренесува на наредните поколенија.

Возбудата по повод приновата во семејството Јоксимовиќ расте секој ден, а веста дека Јована носи близнаци, посебно ја израдувала мајката на Жељко зошто и самата е близначка.

-Родителите на Жељко се пресреќни, посебно Весна. Таа има брат близнак Веселин и се воодушеви кога дозна дека во семесјтвото Јоксимовиќ повторно ќе има близнаци. И Весна и Веселин живеат во Ваљево и многу се блиски, рече извор близок до семејството.

[Vesna Joskimović]

-Да вистина е, имам брат близнак Веселин. Пред него и мене во нашето семејство немаше такви случаи и сега бременоста на Јована е прва по нас. Секако дека сум среќна, како и целото наше семејство. Едвај чекаме внучињата да дојдат на свет. Ви благодарам многу на честитките, изјави Весна Јоксимовиќ.

Популарно