(ФОТО+ВИДЕО) Идентификуван напаѓачот од Флорида

Вооружен напаѓач отвори оган на аеродромот во Форт Лаудердејл во терминалот 2 на одделот за багаж, , при што загинаа пет лица, а се повредени осум, јавија американските медиуми.

Напаѓачот е приведен и ранет при обидот повторно да го наполни пиштолот.

Напаѓачот е идентификуван како Естебан Сантијаго-Руиз, 26 години, и е роден во Њу Џерси, велат полициски извори во изјави за CBS News, кои додаваат дека со него имал воена идентификација од САД.

Надлежните велат дека не го знаат мотивот за нападот.

Сенаторот Нелсон рекол дека тоа можел да го направи само ментално пореметена личност или некој кој имал злобни мотиви за кои треба да се грижат секој ден, а тоа е тероризам. Нелсон рекол дека тие не може да го заклучат тоа засега.

Речиси еден час по изјавата од канцеларијата на шерифот дека осомничениот е во притвор, луѓето почнале да трчаат по пистата. Шерифот Скот Израел, изјавил за новинарите дека нема потврда за било какви дополнителни пукања.

„Во овој момент, изгледа дека тој дејствувал сам“, изјави Израел.

Аеродромот во моментов е целосно затворен.

(ВИДЕО) Поплави во Истанбул

Вистински потоп денеска во Истанбул предизвика обилниот дожд, неколку автомобили се заглавени во вода, многу граѓани се заглавени во своите автомобили.

Според турските медиуми најзагозени од поплавите се жителите на квартот Силиври, каде дури спасувачките екипи морале да употребуваат и чамци за извлекување на жителите заглавени во вода.

Привремено затворен за сообраќај е и евроазискиот тунел кој ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул. За еден час во Истанбул денеска наврнале 50 литри дожд на метар квадратен.

ВИДЕО: Најлудото поздравување на Доналд Трамп до сега

На испраќањето на Трамп и првата дама Меланија по нивната посета на Франција, следеше  долго и на моменти чудно непријатно поздравување меѓу претседателите. После се приклучи и првата дама на Франција, Брижит Троње, за сѐ да биде уште почудно!

Се чини двајцата претседатели едвај можеа да се разделат, а и првите дами најверојатно нашле многу заеднички теми за разговор за време на посетата.

ФОТО: Путин ја тестирше новата лимузина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја тестираше лимузината „прототип А“ наменета специјално за него но и за странските државници кои ќе престојуваат во Русија.

Станува збор за првокласна изработка која се одликува со невиден луксуз.Порше ќе го изработува моторот и менувачот, а ќе биде вграден твин-турбо мотор 4.0 V8 со 550 коњски сили.

Популарно