(ФОТО/ВИДЕО) Поради неа пукаа во Пецони - беше со братот на Цеца, пееше за Путин, го крие момчето како змија нозете

Пејачката Тијана Радивојевиќ го чува приватниот живот како змија нозете. Таа со уште две девојки била со познатиот бизнисмен и сопственик на Хепи телевизијата, Пецони, кога се случило пукањето во хотелот „Прага".

Бизнисменот Жељко Рутовиќ кој седел на спротивната страна од масата, почнал да ги навредува девојките, а потоа се скарал за некултурното однесување со Пецони, извадил пиштол и почнал да пука. Испукал шест куршуми по што Пецони тешко ранет веднаш бил пренесен во болница на операција.

Особено внимание привлече пејачката Тијана која од порано и е позната на јавноста. Таа беше во врска со братот на Цеца, и тврдеше дека пеела пред рускиот претседател Путин. Таа за него изјави дека е човек кој најмногу го сака и цени.

Секојдневно Тијана објавува разголеми и провокативни фотографии.

Со години е во врска која ја крие од јавноста.

Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.

Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.

„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.

Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.

(Фото) Раста итно хоспитализиран

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста денеска е итно хоспитализиран, а фотографијата од Итната помош ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Раперот дошол во болница со силни болки во грбот придружуван од својата девојка Марија Балабан, која се фотографирала заедно со него, додека тој лежел на креветот покриен со јакна.

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Популарно