Претседателскиот авион е обична едрилица во споредба со „боингот“ на Трамп.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го делат само неколку месеци од моментот кога официјално ќе ги добие клучевите за Белата куќа и претседателскиот авион „Ер Форс Оне“.
Но, ќе се излажете доколку мислите дека Трамп не е навикнат да патува со стил и опкружен со луксуз.
Имено, бизнисменот поседува свој сопствен „боинг 757“ вреден околу 80 милиони фунти, со кој неодамна отпатува во Вашингтон каде со актуелниот претседател Обама, разговараше за преземањето на власта.
Иако во иднина Трамп ќе има свој претседателски авион, сепак овој „боинг“ досега му беше како втор дом.
Можеби затоа уште откако го купил во 2011 година, њујоршкиот бизнисмен постојано ја надградувал неговата внатрешност со висока технологија, но и раскош непознат за очите на обичните луѓе.
Во продолжение, погледнете го видеото кое ја прикажува токму внатрешноста на авионот.